Сепак било љубов

„Strength and stay.“

Јули, 1939, 13-годишната принцеза Елизабет (седи, трета од лево) гледа напред, а 18-годишниот морнарички кадет принц Филип (стои, најдесно) разговара со луѓе на Кралскиот морнарички колеџ Британија, во Дартмут. Принцот Филип добил задача да ги забавува малите принцези, Елизабет и Маргарет. Тогаш прв пат се виделе поубаво, иако се трети братучеди преку кралицата Викторија која им е заеднички предок и биле на иста свадба во 1934. Гувернантата на Елизабет, Марион Крафорд пишувала за времето што го поминале заедно во Дартмут во својата книга, „Малите принцези“:

„На тениските игралишта, мислам дека тој се занесуваше многу, но девојчињата беа импресионирани. Лилибет рече, ‘колку е добар, Крафи. Колку високо може да скока.‘ Не можеше да го одвои погледот од него цело време.“

Следниот ден, Филип им се придружил за ручек, и Крафорд се сеќава дека Елизабет „седеше, розева во лицето и уживаше“.

„Едноставно, ми беше сила и потпора сите овие години и јас, и целото негово семејство и оваа и многу други земји, му должиме многу повеќе отколку што некогаш би признал, или би можеле да знаеме.“
- изјава на кралицата Елизабета во 1997

 

12 април 2021 - 11:58