Wearing a sequined full-length gown to my vaccine appointment because it’s the EVENT OF MY YEAR pic.twitter.com/zkqxT8KvME
— ashlie atkinson (@ashlieatkinson) February 23, 2021
Жената на сликата не е славна личност што се спрема за Златни глобуси, кај би можела да оди? Е па, Сара Прејгер од Космополитен ја прашала - и излегло дека оди на вакцина против КОВИД.
„Ѝ пишав на жената, Ашли Аткинсон и ми кажа дека го купила долгиот зелен фустан за да го носи на некоја гала што во 2020 се откажала. Кога ја прашав зошто се дотерува за боцкање, рече - сакав да го прославам тој радосен настан и да ги израдувам луѓето што работат толку многу,“ пишува Прејгер во нејзината колумна.
Десетици илјади луѓе се израдуваа со нејзе кога ја твитна фотографијата со зборовите дека закажаното вакцинирање е „НЕЈЗИН НАСТАН НА ГОДИНАТА“. Во коментари ѝ праќаат фотографии од сопствените дотерувања за вакцина, од фустани, до специјални маици, па дури и костим од крава.
Една докторка, Д-р Ненси Јен Шипли раскажува дека со истата надеж и ментално олеснување се нашминкала и облекла лелеав фустан на едно рамо за „излегување“ во болница. Кога стигнала за да ја прими втората доза на вакцината, со фризура и плико-ташна, почувствувала трема и возбуда. Кога ја боцнале со долгоочекуваната вакцина, се насмевнала под маската.
И додека нејзиниот сопруг бил да им однесе торта на сестрите од трета смена, докторката се расплакала.
„Минастата година ја поминав грижејќи се за многу работи.“ Освен што е хирург и има контакт со пациенти, нејзиниот сопруг е пулмолог и лекар од критична нега што третирал пациенти со најсериозните последици од КОВИД. „За славење е, важен момент е,“ вели таа. „Затоа е толку посебно дотерувањето и ни враќа малку забава во животот после она што беше предизвикувачка година за сите.“
И, ќе се дотерате? Кога ќе дојдеме на ред? Кога и да е тоа?