Ендру Мортон е така малку како збунет од изјавите на Меган Маркл

Особено од изјавата дека не ѝ дозволиле да побара помош за проблемите со менталното здравје.

Кралскиот биограф Ендру Мортон призна дека „нешто не му било јасно“ кога слушнал дека Меган Маркл на американска телевизија кажала дека одбиле да ѝ помогнат кога се борела со менталното здравје.

Мортон кој има напишано повеќе кралски биографии и допрва му излегува уште една за односот на Вилијам и Хари, сподели дека е изненаден што „фирмата“ не сакала да и помогне на Меган, притоа спомнувајќи дека постарите членови на кралското семејство знаеле и да бараат и да добијат помош во контекст на ментално и емоционално здравје низ годините, па „не мислел дека кралицата би го направила тоа“ (да не пружи помош).

„Многу е тешко да се замисли дека не ѝ помогнале на Меган кога побарала помош. Таа рече дека никој не ја слушал во тој момент, што беше и меѓу најтажните моменти во интервјуто, нели?“ вели водителката на интервјуто со Мортон.

Мортон одговара:

„Да, тажно беше, но отвори повеќе прашања отколку одговори. Особено кога Хари е спонзор на организации за ментално здравје, а неговата кума, Џулија Самјуел е познат психотерапевт и ја имаат на speed-dial. Малку сум збунет од тврдењето,“ признава Мортон.

Водителката додава дека и помладата сестра на кралицата, принцезата Маргарет имала проблеми со менталното здравје и се борела со семејството поради тоа - бидејќи се работи за генерација со став „ако ти е ладно облечи џемпер, не пуштај греење“, како што објаснува биографот.

Но, сепак, принцезата Маргарет била на советување кај психолог.

„Дури и самата кралица, за време на анус хорибилис-от добиваше помош за дишење и опуштање. Кралското семејство е всушност навикнато да бара совет и лечење кога е тоа потребно, иако е тоа малку табу за постарите генерации.“

Сѐ ова погоре во случај да не разбравте, е кралски, британски, достоинствен начин да се каже дека девојчето лаже.

Ама, да држиме ниво.

2 април 2021 - 15:11