Десет години поминаа откако Вајнхаус се придружи на тажниот „27 club“ и откако почина, и нејзините колеги го одржуваат во спомени нејзиниот живот, борбата со зависноста и моќната музика преку кавери на највпечатливите песни. Имаше и емотивни портретирања на филм, како Оскаровскиот „Ејми“. Сега „Ејми Вајнхаус: 10 години понатаму“ (кога ќе го барате: Amy Winehouse: 10 Years On) ќе ја означи деценијата од нејзината смрт и ќе истражи која била Ејми навистина.
Соработката е меѓу Бибиси 2 и Бибиси Мјузик и ќе го слави наследството што го остави Вајнхаус и ќе ни покаже што има зад кулисите на нејзината вртоглава слава. Поголемиот дел од овие приказни ќе ги раскажува нејзината мајка, Џенис Вајнхаус.
„Мислам дека светот не ја знае вистинската Ејми, таа што ја израснав,“ вели Џенис пред новинарите на прес за претстојниот филм. „Се радувам што имам можност да споделам приказна за нејзините корени и подлабок поглед во вистинската Ејми.“
Одлуката да зборува за Ејми сега (во минатото само татко ѝ си дозволуваше да дава изјави) е тажна, со оглед на тоа што мотивацијата ѝ лежи во личните борби со здравјето. Џенис има мултиплекс склероза и вели дека сака филмот да ги зачува нејзините лични спомени за ќерка ѝ, пред болеста прогресира.
Ќе трае 60 минути, но сѐ уште нема датум за премиера. Ќе дојде заедно со компилација од три цедиња од настапи во живо.
Бибиси започнува и бројни специјални програми за славење на нејзината оставштина - вклучувајќи и еден за нејзиното влијание на млади музичарки, како и документарец што ќе ја претстави пред новата генерација слушатели - сѐ во надеж дека Ејми ќе се слуша уште многу подолго од наредните десет години.