Финиот дечко во одвратна улога и мудрите кастинг-директори

Во последно време, многу често се случува ужасен маж на филм го игра сакан актер од популарна серија. Сем Ричардсон, симпатичен лик од Veep глуми језив мизогин тип. Сет Коен од O.C. глуми дечко со подмукла намера да искористи онесвестена девојка. Макс Гринфилд игра лик што уништил нечиј живот. За вакви работи, гледаме во правец на итри директори на кастинг.

Според нив, намерно се ангажираат глумци со чии ликови претходно со задоволство би се дружеле. Знаат точно како да си поиграат со очекувањата на публиката за кој е добар а кој не. Тоа што ѓубрињата ги играат актери со пријателски и познати лица го истакнува и самиот аргумент на еден таков филм - секој може да злоупотреби, дури и слатките, бубаторски типови опседнати со игрици, здружени со симпатични луѓе.

Кастинг-директорот на Promising Young Woman, објаснува како одлучиле дека ликот на Сет Коен е клучен. Тој е прв маж што главниот лик го среќава, и доаѓа со целиот тој багаж на фин дечко што му го заработи Броди од O.C. Личи на типичен американски дечко што може да биде принц на бел коњ. За да биде пострашна приказната, во Promising… Коен и типот во друштвото што ги заштитува жените. Сето ова е мудро смислено, за шокот да биде поголем кога Кери Мулиган се преправа дека е онеспособена од алкохол, па тој божем сака да ѝ помогне да стигне до дома, само за да ја одвлечка кај него и да тргне да ја искористува ситуацијата.

Овој филмски феномен фрла светлина на огромната улога што кастинг-директорот ја има во еден филм или серија. Треба да ти текне дека на публиката ќе ѝ се наежи кожата кога ќе се соочи со „тешката вистина“ дека Шмит од New Girl е стока.

Лесно е да го ставиш Вилијам Дефо, оди направи негативец од Робин Вилијамс да те видам. (Му успеа Кристофер Нолан во „Инсомнија“ од 2002. Ни на Википeдија ни на Имдб не пишува кој правел кастинг).

Од овие причини, кастинг директорите сметаат дека треба да добијат своја категорија за Оскар.

8 април 2021 - 11:01