И луѓе со Оскари знаат да бидат незадоволни од себе

Знаете како понекогаш ќе видите нешто свое после одреден временски период и чувствата ви се движат од „можев и подобро“ до „сега ќе се убијам“? Е па, и Мерил Стрип така.

Денес е супер ден за одвикнување од корнење трепки

И од грицкање нокти. И кутикули. И џвакање уста.

Историјата вели дека штикли носиме затоа што сме идиоти

Штиклите не требало да ги носат жени. Всушност и Лубутан се инспирирани од трендсетер за оваа обувка од пред неколку векови - и гледајте како не напишавме трендсетерКА - затоа што е Луј XIV. Не неговите жени. Донел и закон според кој само членови на неговиот двор смееле да носат штикли со црвени ѓонови, со тоа овозможувајќи да може да се препознае кој му е близок на кралот, а кој не (што не е ни далеку од концептот на Лубутан денес).

Изгледот на „скапа бринета“ не мора да биде скап

Во едно интервју, Хејли Бибер кажа дека во интерес на здравјето на косата, нема веќе да ја малтретира. Барем не со фарбање. Сега е стигната до природна боја и новиот изглед во холивудскиот свет се вика „скапа бринета“, но има и нормални што го викаат со реално име: израснат корен.

Како социјалните мрежи ни го држат паметот

Досега сме виделе студии што заклучуваат дека социјалните мрежи се штетни за менталното здравје, но веќе не ни требаат ни истражувања за да го знаеме тоа. Многумина имаат искусено ментална истоштеност како директна последица на бескрајно скролање и што е полошо, не можеме ни да запреме кога ни станува забележливо потешко.

Што има Рајан Рејнолдс да каже новата титула на Пол Рад?

Пипл го прогласи Пол Рад за Најсекси жив маж за 2021, што, стварно фино, ама најсекси? Сепак, кога ќе земеш предвид кој сѐ им бил најсекси на Пипл (Блејк Шелтон?!), ако.

И мажите носеле корсети

Розево за женски, сино за машки; штикли за жени, рамни чевли за мажи; корсети за жени, и - корсети за мажи.

Ќе победи ли Џони Деп конечно?

Судот му овозможи на Џони Деп пристап до телефонот на неговата поранешна жена Амбер Херд, со кој Деп се надева дека ќе докаже колку многу лаже.

Нордискиот мит што го инспирираше Толкин

Кратка приказна, набрзина раскажана, по број на податоци и имиња достојна за споредба со целиот опус на Толкин.

Јак ти е каишот, што работиш?

Има Тиктокер, Даниел д Грејтфул се вика, оди по луѓе со брендирана облека и ги прашува што работат. Одговорите се во сите бои и дезени.

Пред молив-сукњата, имало „хобл“

Модата отсекогаш имала способност да ја рефлектира драмата на животот, сосе социјалните норми, политичките и културолошките промени. И меѓу сите корсети, машки штикли, килоти и други обележја на модната историја, се истакнува и „хобл“-сукњата, таква нелогична, контроверзна и чудна.

Сега има родово-неутрални карти

Може ќе се прашате што е тоа што довчерашните карти за играње не беше доволно инклузивно, но - Кралот вреди повеќе од Дамата, па…

Што ги мачи мажите?

Проблемите со кои жените секојдневно се соочуваат во секоја сфера на животот не се решаваат „муњевитом брзином“, уште се мачиме. Но, заради природата на жените и општествените норми, се зборува за нив, добиваат медиумско внимание и постојат легитимни и нелегитимни организации што се обидуваат да ги направат видливи. За мажите, не баш.

Сара Џесика Паркер: Ако не па, да исчезнам дека сум ви стара?

Не така мал дел од расположението околу обновувањето на „Сексот и градот“ се врти околу прашањето „Што па мораат да се враќаат?“ И голем дел од ова се должи на, чудо - дека се остарени во последниве 20 години откако излезе пилот-епизодата.

2000-годишен хак за анксиозност

Пред некои 2000 години, соочен со смртта, на римскиот филозоф Сенека му текнува една работа: „Што е најлошото што може да се случи?“

Евангелие по Инес де ла Фресанж

Вог ја вика „совршената парижанка“. И има неколку советчиња да ни каже.

На Airbnb го има станот на Кери Бредшо, сосе полн плакар

За сите фанови на „Сексот и градот“ и сите што барем еднаш си рекле „Ех!“ за станот на Кери Бредшо, имаме одлични вести.

Дајана би била ужасната од „Спенсер“

Вака велат луѓе што ја познавале, за филмот со Кристен Стујарт во главната улога што од денес е пуштен во свет.

Новата поделба на светот е за и против Крис Прат

Инстаграм-објава од Крис Прат за жена му добива измешани реакции на интернет. Погодете кои преовладуваат. Со тоа што, овој пат, не е дека не се баш во право.

Имаме нова Кралица од „Снежана“

Дизни нема намера да престане со преправање на старите цртани во филмови и веќе има испланирано „Снежана“. И лошата кралица ќе биде Гал Гадот. Интерестинг.

А што ако не сакам да работам?

Ви текнува како кога беше најлута пандемијата, сѐ беше лошо и депресивно и се трудевме да смислиме како ќе се променат работите на подобро кога ќе се вратиме на (скоро па) нормално? Кога се јачавме за Roaring 20s, или дружење и збеснување, утописки идеи за флексибилност на работно време, нови генерации на дигитални номади, четиридневна работна недела… И дојдоа вакцини, заврши страшното и за многу вработени, ништо реално не се промени.

Најнеобичните француски хакови за убавина

Французите се многу специфични кога се работи за нега на кожа, ама па и многу повеќе детали влегуваат во она што нив им значи убавина - не е само луксузни креми и скапа козметика. Има народни рецепти и базични нешта на кои се потпираат.

Што е „daigou“ и како им штети на луксузните брендови?

Луѓе што пазарат луксузни парчиња во Франција, имаат забележано интересна работа околу некои од омилените брендови, како Лоншо, Ермез или Лубутан: цената знае да биде пониска отколку да го купиш истото парче на друго место. И покрај промената на валути, се штедат илјадници евра на скапи брендови со купување во земјата каде што се произведени, бидејќи дома не само што плаќаме данок на увоз, туку и испорака и слични други трошоци.

Како децата влијаат на вашата среќа?

Истражувања покажуваат дека имањето деца е ужас што се однесува до квалитетот на животот - но вистината за тоа што родителството значи за среќа е многу покомплицирана.