„Five Foot Two“, ама со Ријана

Иако „ниту демантираше ниту потврди“ дека нов албум е на повидок, нешто што го прави уште од 2018-ма, Ријана извади две нови песни а се чини дека во позадина се крчка и нешто поголемо.

Ријана е назад на музичката сцена, што е и јасно со оглед на тоа што има две нејзини песни на саундтракот на Black Panther на овогодинешниот Superbowl, настан за кој многумина сметаа дека е најава за нов албум. Сепак, таа ги потсети фановите дека тоа е едно, а издавањето на нов албум сосема друго нешто. 

Повеќе извори тврдат дека во подготовка е филм за Ријана, дека за таа цел нејзиниот настап на Супербоулот е снимен, и дека си пружиле рака со Епл ТВ. Филмот би требало да изгледа слично како Five Foot Two со Лејди Гага. Сепак, ова се главно шпекулации и никој точно не може да каже што се случува.

Она што е сигурно е дека Ријана е често во студио, за што сведочат фотографиите од неа и АСАП Роки прибрани од папараците кои кампуваат пред студијата во Лос Анџелес. 

Истиот ден кога излезе Lift me up, првата нумера од Black Panther каде што учествува таа, излезе и Born Again. Таа ја потврди соработката околу музиката за филмот на социјалните мрежи, а фановите повеќе ја бендисаа втората. 

26 ноември 2022 - 19:23