И паметни жени можат да ослепат

Речиси 30 години после разводот на нејзиниот прв брак и 20 години од вториот брак, Ема Томпсон си признава дека била слепа за она што ѝ се случувало пред нос.

„Бев комплетно, комплетно слепа за фактот дека тој имаше врски со други жени на снимање,“ изјави за Њујоркер, на тема нејзиниот прв сопруг, Кенет Брана. „Она што го научив е колку е лесно да бидеш заслепен од сопствената желба да се излажеш себеси.“

Брана и Томпсон се разделија во 1995, ставајќи крај на шестгодишниот брак, откако тој имаше афера со Хелена Бонам Картер - главната женска улога од неговиот „Франкенштајн“, една година претходно. Потоа Брана и Бонам Картер беа заедно до 1999.

Во меѓувреме, Томпсон била прегазена.

„Бев полужива. Било какво чувство дека може да сум сакана или да вредам нешто исчезна комплетно.“

Врската со колегата од „Разум и чувства“, Грег Вајс успеала да ја врати во живот. Ја почнале во 1995, а се земале во 2003. Сè уште се заедно, 19 години подоцна.

„Од вториот брак повеќе научив само со тоа што сум во брак,“ вели таа. „Како што вели мајка ми, првите 20 години се најтешки.

Со Хелена Бонам Картер се смириле „пред години“.

„Не можеш да држиш лутина за нешто такво,“ кажа Томпсон на времето. „Мислам дека… пффт. Нема поента. Немам енергија за тоа.“

Сепак, негативната енергија од тој момент ја има искористено за онаа сцена од „Всушност љубов“ - кога открива дека сопругот ја изневерува бидејќи очекува од него да добие накит, а сфаќа дека го подарил на друга, а за нејзе избрал ЦД од Џони Мичел.

„Таа сцена кога мојот лик стои покрај креветот и плаче е толку позната затоа што е нешто што сите го поминале,“ рече во 2018. „Кен многу лошо ме повреди. Затоа знаев како е да најдам ланче што не е за мене. Не беше баш тоа, но сите сме го поминале.“

18 ноември 2022 - 00:01