Парк Зрињевац, Загреб
Паркот Зрињевац во Загреб се претвора во божиќна земја на чудата, со лампиони што ги осветлуваат дрворедите и убавиот пазар со дрвени колиби каде се продаваат подароци изработени од домашни уметници, пригодна храна и пијалоци. Има нешто што се вика „печени штрукли“ и е пециво со зденка. Настани има низ целиот град, во рамки на Загреб Адвент што трае шест недели. На плоштадот бан Јосип Јелачиќ има огромна новогодишна елка, а низ центарот жива музика, лизгалишта и разни тезги.
Божиќен пазар во Валкенбург, Холандија
Влезот на овој божиќен пазар е во подножјето на брдото Кауберг, со тезги над земја и во морничавите пештери на Валкенбург. Над земја, пазарот е прилично обичен, со продавници каде може да се најдат вообичаени украси и ситници, но под, во тунелите на каменоломот Гементегрот него се наоѓа најголемиот божиќен пазар во Европа. Во овој подземен каменолом претворен во уметничка галерија, ќе наидете на силно осветлени божиќни фигури за ориентација, а има и дигитална апликација што им помага на посетителите во движењето низ лавиринтот. Посетата е можна единствено со веќе купени карти.
Божиќен пазар во клисурата Равена, Шварцвалд, Германија
Нирнберг и Дрезден традиционално имаат големи божиќни пазари, но ако го цените квалитетот повеќе од квантитетот, може да појдете до Равена во југозагадна Германија. Многу божиќни пазари годинава ги
потенцираат своите „зелени“ тенденции (економската криза дури ги примора организаторите да ги намалат светлата) и ова е една од еколошки најприфатливите опции. Во клисура под железнички виадукт од 40 метри, повеќе од 40 дрвени колиби нудат локални производи како што се плетива од јагнешка волна и рачно резбани дрвени маски. Посетителите мораат да купат карти онлајн, а посебна автобуска линија вози од железничката станица Хинтерзартен или Химелрајх.
Париски ноќен пазар, Париз, Франција
Париз врие од несекојдневни божиќни пазари, од божиќниот пазар на Station F до оној со акцент на латиноамериканските занаетчии. Тој е со акцент на етички исправната потрошувачка и локалните креатори. Се наоѓа во Сите Фертил зад Ла Гран Хал и инспириран е од ноќните пазари во Азија, со повеќе од 80 независни продавници што нудат производи со општествено-еколошки предзнак, како што е накитот од Сабле Вер, направен од испрано морско стакло. Органски божиќни мезалици и пијачки се служат на тезгите како што е Calyce Cider Bar, а за музиката се задолжени локални ДЈ-и и музичари - без притоа репертоарот да се потпира главно на традиционални божиќни песни.
Божиќен пазар Мунстерхоф, Цирих, Швајцарија
Божиќните пазари се расфрлени секаде низ Цирих, а најпознат од сите е Белви, со тезги со храна приготвена од градските шефови и модерни дизајнерски јадења. Меѓутоа, годинава треба да се помине и до Мунстерхоф - каде пазарот ќе се одржи под слоганот „Од Цирих за Цирих“, и каде сите изложувачи се од кантонот. Се ужива со греано вино од локалните винарии и се купуваат чорапи од локални дизајнери. И пробајте нешто од декоративните празнични ужинки.
Божиќен пазар во горниот дел на градот Вилнус, Литванија
Божиќните пазари се релативно нови за Вилнус, а многу од нив се имаат појавено во последната деценија, со свежо печено кафе од желади наместо греано вино. Повеќето се модерни во поглед на понудата и дизајнот - побарајте и ќе најдете мноштво божиќни украси и свечености ширум градот. Божиќниот пазар во центарот Лофтас е место каде се наоѓаат и добри јакни, крупен накит и отворена галерија која ги промовира младите уметници. Го има и Меѓународниот божиќен пазар за добротворни цели, каде парите од подароците одат за разни непрофитни организации. Се наоѓа на Плоштадот на катедралата каде се наоѓа и најголемата елка во градот - една од најимпресивните во Европа.
Божиќен пазар Лисеберг, Гетеборг, Шведска
И преку целата година, Гетеборшките градини во Лисеберг се место за уметнички настани, но најзабавен (особено за децата) е божиќниот пазар што се одржува во тематскиот парк, кој станува вистинска зимска идила секој декември. Има лизгалиште, село на Дедо Мраз со работилници за неговите елфови, тезги и ресторани кои служат шведска божиќна храна. Гетеборг е рангиран како најодржлив град на светот веќе шеста година по ред, така што не е изненадување тоа што 5-те милиони божиќни светилки што го осветлуваат паркот работат на струја произведена од Лисеберговата сопствена турбина на ветер.
Бернер Стерненмаркт, Берн, Швајцарија
Се почнува со божиќниот пазар во историскиот Швајцерхоф Берн, со уживање во остриги и шампањ во свечено украсениот Jack's Brasserie пред да се тргне на најоткачениот божиќен пазар во Берн. Бернер Стерненмаркт нуди панорамски поглед на главниот град на Швајцарија и 80 тезги кои се менуваат секоја недела во текот на декември, каде се продава буквално сè, од швајцарски дозерки за сапун и мирисни свеќи од селото Мурен, до закуски од чија продажба имаат корист заедници во Танзанија и Бали.
Божиќен пазар Фулпмес, долина Стубаи, Австрија
Ова место - познато и по патеките за сноубординг - е дом на еден симпатичен божиќен пазар кој се одржува во градскиот театар на отворено. Локалната понуда вклучува киахл - слатко и солено јадење со мармалад и кисела зелка, што се јаде само за Божиќ. Главната атракција е отворениот театар, Theater in der staden Zeit, каде семејствата специјално се собираат, со свеќи во рацете да уживаат во приказната за Крампус - чудовиштето што е пола коза пола демон и работа му е да ги казнува непослушните деца на Божиќ.
Фира де Санта Луциа, Барселона, Шпанија
Станува збор за традиционален каталонски божиќен пазар, кој се одржува на Плоштад на катедралата, со 20 накитени елки, божиќни мотиви и тезги полни со празнични слатки и украси. Датира од 1786-та година, познат е по фантастичната атмосфера, и семејствата кои се собираат да слушаат традиционална музика и да пробаат божиќна храна, вклучителни и ескудела, вид свечена супа. За децата најинтересна е џиновската клада, Цага Тио (во превод „клада за вршење голема нужда“) која е полнета со нугат крем и други слатки - а на крајот обично бива разбиена на парчиња од децата што обожаваат благи.
И, каде ќе одиме, значи?