На претерување со Фотошоп и апликации се навикнавме, секојдневие е. Постојат цели профили на Инстаграм, кои не би имале што да понудат да не беше оваа апликација: некои ја користат за да се разубават, а други си играат со лицата и телата на познати личности. Но, сега постои и еден атипичен нов тренд.
Слики на познати се едитираат со цел тие да се направат подебели. Се појави слика од Кајли Џенер, дигитално здебелена и со оглед на ерата во која живееме, потегот беше воодушевено пречекан. Луѓе се радуваат во коментари, сметајќи дека ова придонесува кон олабавување на тензијата што ја наметува императивот наречен „совршено женско тело“.
Иако разбирливо е што сака да каже писателот, Алекс Лајт од Гламур Магазин предупредува дека не е за радување, туку за негодување. Поентата е дека екако, жените со прекумерна тежина би требало да бидат вклучени во јавната сфера - ама не вака. Она што упорно се промашува е дека инклузивност може да се постигне единствено со актуелизација на вистински тела, а луѓе што имаат проблем со вишок килограми постојат, така што нема потреба да користиме софтвер и да доцртуваме.
Работата е толку погрешна што малку подлабока анализа укажува и на тоа дека едитирањето слики во овој правец токму сведочи за дебелофобија, односно тоа дека луѓето повеќе би сакале да видат некој за кој во крајна линија знаат дека е „лажно“ дебел, одошто да бидат соочени со вистински тела. Плус, не би требало да смее некој рандом да си зема слики од вистински луѓе што ги нашол на интернет и да им прави што сака.
Факт е дека живееме во свет кој претерано се гади од вишокот масти, но дискутабилно е колку овој тренд претставува чекор напред кон ублажување на таквата стигматизирачка перцепција.