Кај и да сте на политичкиот спектар и без разлика дали сакате Баленсијага (ние не), интернетот конечно убоде со став и се сложи за една работа - последната кампања е крајно вознемирувачка.
Што е проблемот? Баленсијага сака да боде очи и да провоцира, досега тоа го научивме. Сега, бодењето е со проблематични теми од кои никако не може да се извади виц. Затоа твитерџиите им влегоа со шамари дека промовираат педофилија и детска злоупотреба и порнографија, велејќи дека во кампањата со фотографии се намерно вклучени материјали кои потсетуваат на садо-мазо фетиши. Не им е ни јасно зошто на една фотографија има врамен сертификат со името на Филип Фишер, кој во 2018 бил осуден дека ја злоставувал неговата внука.
Нејасно е ни зошто на едно место се гледа уметничка книга од Мајкл Борминс како декор, дело во кое има голи деца и возрасни кои глумат акти на насилство и канибализам.
Ако случајно сето ова ви се чини како коинциденција, еве има уште еден детаљ - ташна во која има страница од пресуда во случајот САД против Вилијамс од 2008, со реклама за детската порнографија како федерално злосторство што не е заштитено од правото на слободен говор.
Многумина се уверени дека е ова финта за публицитет.
Глупа финта.
Баленсијага набрзинка се извинија што вклучиле мечиња со мрежести маички во кампањата, кажаа дека ќе преземат правни дејства против уредувачите на сетот за снимање и се разбира, дека осудуваат злоупотреба на деца во секоја форма.
Фотографот Габриеле Галимберти кажа дека не е во позиција да го коментира изборот на Баленсијага, но истакнува дека немал право на кој и да е начин да бира ни производи, ни модели што ќе се најдат на фотографиите.
Значи, никој не е крив, добро.
Баленсијага, бе.