Паулина Поришкова има нешто да ни каже

За староста, годините и колку се бавиме со небитни работи понекогаш.

Паулина Поришкова го дели светот решен да го пика носот кај стигне - со свои 57, невоздржано се слика на Инстаграм, па некои сметаат дека „тоа не е во ред“.

Ја обвинуваат дека е нарцисоидна, коментираат дека „веќе нема поента“, а забораваат дека и на 27 и на 57, луѓето сами бираат како ќе комуницираат со светот. Поришкова не сака ни да чуе - вели дека го прави она што чувствува дека на овие години е најдобро за неа, а тоа е да остане ранлива и видлива. 

„Од перспектива на постара жена, се прашувам: што толку имаше за славење во мојата младост? Го немав ни половина од паметот што го имам сега, не разбирав ни половина од тоа што го разбирам денес, бев нетрпелива, немав карактер. Кога велат дека тогаш сум била во најубавите години, тоа единствено може да се должи на тоа што моето лице немаше брчки, немав ни по телото, бев како сликарско платно. Сите добри нешта доаѓаат како што старееш. Зошто тогаш ја славиме младоста до степенот до кој ја славиме? Сè уште барам одговор. Зошто ѝ се покоруваме на младоста? Зошто жените на моја возраст сакаат да личат 20 години помлади?“ пишува Поризкова во својата збирка есеи, No Filter.

Во книгата таа се бави и со прашањето на социјална изолација (или по ново - канселирање) и мноштвото непознати со кои била соочена кога ѝ било речено дека е веќе стара за да биде убава. 

„Конечно се прифатив таква каква што сум, не знам дали ме прифаќаат другите, ставот на јавноста постојано се менува. Но самата со себе - се помирив дека сум анксиозна, повремено депресивна, учтива и емпатична а истовремено и судам, и знам да бидам кучка. Некако ги прифатив сите овие нешта за себе и тие ми овозможуваат подобро да се однесувам кон моето тело. Исто, си викам „гледај до каде ме донесе телово и сè уште функционира добро. Да не беше артритисот ќе бев целосно здрава, и благодарна сум за тоа“, изјавува Поришкова.

Смета дека премалку жени на нејзини години зборуваат за добрите и лошите страни на зрелата возраст. Ретко ги наоѓа во објавите на мејнстрим медиумите, и уште поретко во шанса искрено да зборуваат во прво лице еднина на темата.

Затоа и решава сама да си заврши работа и да нè потсети.

22 ноември 2022 - 19:50