Се враќа „трајната“

Зборот „трајна“ на некои ќе им разбуди непријатни спомени, од стари албуми каде што се овековечени во неверојатно неласкави изданија, ама затоа па светот е нов, а со него и трајната има повеќе од една варијанта.

Сигурно нешто грешите со парфемот

Од сите наведени грешки подоле, барем за една сте виновни, ама без гајле - има и попаметни од нас.

Модна инспирација: Адам Сендлер

Значи, што не ќе измислат зумериве.

Викторијански тинејџерки

Од такви само слики имаме видено. Ама сега ќе видиме и видео од жени што биле тинејџерки во Викторијанската ера.

На Меган и Хари не им се брука пред Нетфликс

Според една новинарка, ќе си носат Нетфликс екипа со нив на патување, па се плашат дека никој нема да дојде да ги поздрави и тоа ќе изгледа лошо на камера.

Магистерска тема: Шминкање спуштени капаци

После години труд да изведете вратоломии со шминкање капаци (cut crease и слично), ќе ви се види како откровение целово видео. И љубовното обраќање на авторката: „Ве сакам, ама не може.“

Има бран на поништување на пластични операции

Пластичните хирурзи се надеваат дека новиот бран ќе служи како поука за идните генерации.

Њујоршки секс-клуб од ‘70-те

Фотографката Дона Ферато нѐ враќа 40 години наназад, во време и место што не сме го виделе, во еден клуб на Апер Вест Сајд каде што се случувале работи што пристојни луѓе ги тераат да се фатат за бисерите.

Една снежна ноќ во 1979, Ферато стига до Ансонија, велелепен Боз-арт хотел во Њујорк. Таму се упатува во подрумот на Платос Ритрит, секс-клуб за хетеросексуални двојки. Го сметале за забавен парк за возрасни, но Ферато баш и не била импресионирана - нејзе ѝ бил повеќе како невкусен салон за убавина, како што пишува и во нејзината книга „Љубов и страст“.

Патот на Џејмс Корден од симпатичен Британец до персона нон грата на сечиј екран

Нема кој не превртува со очи кога ќе се појави Џејмс Корден. А сепак, кариерата му е одлична, и одлично почнал како сакан лик од серија, за сега луѓето на интернет да се натпреваруваат кој повеќе и посликовито ќе се згрози од него.

Уште подраматични умирачки во новата „Сквид Гејм“

Што ново ќе се гледа во втората сезона?

Историски и митски вештерки

Историјата посочува многу „вештерки“ кои на некој начин му влијаеле на светот, и без разлика дали навистина се бавеле со лечење, тревки и чаеви, биле несреќни жени што на некого му пречеле, или се едноставно мит, има некои имиња што треба да се знаат.

Тиктокерката што лажираше Турет за слава

Ова беше и тренд - новиот свет, фала богу ги прифаќа сите појави што пред 10-20 години се сметаа за недостатоци, па многумина тргнаа кон социјалните мрежи да ги споделат своите, за да видат и другите „дека не се сами“. Е па, некои измислуваа.

Како пропадна Базфид?

Во август 2015, Базфид ја сврте играта: имаше масивни 377 милиони прегледи месечно, сите читаа, сите споделуваа. Годинава - тешкичко.

Нè прелажаа ли со митот за серотонинот?

Ново истражување покажа дека ниските нивоа на серотонин може да не се причина за депресија - но и дека медицинските експерти цело време знаеле за ова.

Терапевт анализира парови од Дизни

Кои љубовни врски во Дизни ќе издржат, а кои баш и нема да живеат „среќно, засекогаш“?

Трендот е „Барбикор“ ентериер

Наводно, официјално сме влегувале во ера на Barbiecore - тренд за уредување инспириран од сите прекрасни розевштини на Барби.

Жената што си ги претвораше жртвите во сапун

Според нејзиното сведоштво, поточно - необјавените мемоари - за третата жртва вели дека завршила во тенџере (најверојатно во натриум што врие) „исто како и претходните“. Потоа, пишува дека додека се распаѓало месото, истурила шише колонска вода во тенџерето. Па, проврило уште малку. Резултатот? Кремаст сапун со прифатлив квалитет.

Кај Брајс Далас Хауард дома

Актерката со еден куп Џурасик паркови во сиви, најстарата ќерка на Рон Хауард и лик што веројатно барем еднаш сте го помешале со Џесика Честејн, ги прима Architectural Digest дома.

Илустраторот што Дизни не требаше да го отпушти

Кеј Нилсен одлично се снаоѓал во светот на фантазијата: дански илустратор, пораснат во „напната уметничка атмосфера“ во златната ера на илустрацијата. Во тоа време, луѓето се натпреварувале кој ќе извади повозбудлива корица и поблескав грб на книга. Нилсен бил меѓу најјаките, и тоа не само по илустрациите што ги правел на своја рака - бил ангажиран од Дизни, за концептуалната уметност од која потоа се создава „Фантазија“, па „Малата сирена“. Инспириран бил и од браќата Грим и од „1001 ноќ“, но иако долго време бил миленик на студиото - одеднаш го отпуштаат. А не требало.

Колку многу ја потценуваме принцезата Ен

Не, не дека светот има некакво лошо мислење за принцезата. Едноставно, потценување е кога за некои луѓе секојдневно не повторуваш дека се цареви.

И сопствениците на правата на Мерилин ја одобруваат Ана де Армас

Марк Розен, претседателот на компанијата што го поседува имотот на Мерилин Монро изрази поддршка за кастингот и покрај критиките за акцентот на актерката.

Несекојдневна инспирација за Барбики

Ова не се обични „Барби - принцеза“, „Барби - кралица“ и „Барби - глумица.“