Пакувајте цели комбинации заедно. Ако фрлите неколку маици и панталони онака, знаете дека нема да функционира. Паметно е да се испланираат комбинациите пред патувањето за да се спречи пакување на непотребни парчиња. Нека ви бидат приоритет нешта што функционираат во повеќе варијанти, а паметно би било да инвестирате и во „коцки за пакување“ - како несесери во кои држите различни работи по категорија и помагаат при огранизација.
Виткај во ролна, не дипли. Пробајте, вреди. Покомпактно е и многу повеќе простор се штеди. Особено ако штедите на Визер и патувате со рачен багаж.
Најкрупните и најтешки работи за пакување - на себе. Просто е, но вреди да се спомне - најголемиот дуксер, јакна, шешир, крупни чевли - сето тоа може да се облече на себе за да не фаќа место во куфер.
Намалете со производите за убавина и нега на кожа. Баталете огромни несесери што собираат пола купатило. Земете една од оние кеси за сендвичи што се затвораат со пластичен патент и спакувајте го само тоа што го собира таму. Да, треба да се има креми и серуми и нема зошто да не земете шминка, ама стварно нема да ви падне лицето ако седум дена не ги правите сите 18 чекори за нега.
Коцките за пакување се користат и за друго освен облека. Една коцка може да оди за кабли и полначи, друга за чевли, апостолки и чорапи, трета за веш, итн. Резултатот е куфер што нема да експлодира кога ќе го отвориш.
Sирни и ова: Со пакување претеруваме заради стрес