И ај добро, овие првиве двајца може одат на различни дестинации, различно времетраење на лет ги чека, и ќе бидат во сосема различни услови, но она што е јасно е дека стилот на пакување, поточно - дали ќе се спакуваш лесно, или ќе претераш - е до карактерот на човекот.
Излегува дека колку бутаме во куфер повеќе има врска со нашите лични искуства во однос на патувањето - дестинација, тип на багаж, дури и социјални стандарди. Пакувањето, без разлика дали е за викенд или за две недели одмор е нешто сосема лично и може да создаде многу притисок. А од нас се очекува да бидеме ефикасни патувачи, способни да одредат што е најважно и најнеопходно за целиот период додека сме надвор од дома.
„Кога патуваме, емоциите ни се пополаризирани затоа што сме под стрес,” вели Лара Филдинг, клинички психолог и автор на книга што ни треба - „Mastering Adulthood”. „Нивото на стрес се зголемува затоа што не сме во комфор-зоната и затоа што (ќе) сме опкружени со неудобни, поинакви луѓе.”
Еден популарен стереотип за патување е дека жените се склони повеќе да спакуваат од мажите - старо клише за кое Филдинг се сомнева дека се појавило уште пред еден век, кога жените едноставно носеле погломазна облека. Жените се и навикнати да носат и некаква торба, затоа што самата женска облека е необјасниво посиромашна со џебови, и на број, и во однос на простор. Ова е сега сменето, ама стереотипите не се познати по тоа што брзо си одат.
Во есеј за Базфид Њуз, новинарката Алисон Вилмор пишува дека трикот да патуваш лесно „бара само да се навикнеш дека ќе оставиш нешто зад себе - ствари што си ги купил затоа што си мислел дека ќе ти требаат, но сега знаеш дека се може и без нив.”
На некој начин, лесното пакување е контра-интуитивно во однос на тоа што сме научиле ние како луѓе за нови опкружувања. „Дури и да патуваш често, сепак е можно стресно да реагираш, дури и да имаш желба да ти биде поудобно.
И без разлика на чија страна сте (претерување или бивање мастер пакувач) - и индустријата бара умереност. Цените за чекирање торби се сè поголеми, а авио-компаниите одамна имаат и опции за поевтини билети ако одлучите да патувате само со мала торба.
А има и уште една филозофија за паметно пакување, што истовремено ве ослободува и од непријатната паника со наслов „Сè ли земав?”
Пасош, пари, веш и телефон - друго, баш сè, се купува таму. Во надеж дека нели, одите на цивилизирано место.
Види и: