The Wirecutter е компанија на Њујорк Тајмс, од таму имаат поминато саати и саати тестирајќи производи поврзани со патување и нивните препораки за пакување се супер.
На пример:
1. Колку ти е поголем куферот, толку повеќе ствари ќе му ставиш. Ова најлесно се избегнува ако купиш тврд куфер, не повисок од 55 цм, за да не можеш да допикаш „уште ова.“
2. Направи „одбројување“ за облеката. Ако ти треба мантра за да ја спакуваш, користи го обичното: „5, 4, 3, 2, 1“ правило за патување од една недела. Ограничи се на 5 пара чорапи и гаќи, четири парчиња за горе (маици, кошули, итн.), три пара панталони (или три сукњи, или што веќе), два пара кондури и една капа. Списокот треба да се приспособи на твоите потреби. И дозволено е да фрлиш купачи, или фустан, во случај да ти затреба.
3. Извади што мислиш дека ќе ти треба и крати безмилосно: „Два пати треба да размислите за сè што сакате да ставите во торба,“ вели Бен Никел Д’Андреа, кој пишува за летање во прва класа за блогерската мрежа BoardingArea. Тој и неговиот сопруг имаат отидено во Мароко 9 дена само со рачен багаж и ранци. „Сосема треба да се ослободите од категоријата 'за секој случај'. Ако ви треба толку, ќе си го купите.“
4. Нека биде Тетрис: Најдобар начин да собере сè во една торба: исполнете го и најмалиот простор. На пример, патиките наполнете ги со чорапи, па ставете ги на дното на куферот во пластична ќеса, за да не ви се извалкаат алиштата. Како ќе наредите сè после е до вас. Можете да ги свиткате алиштата во ролни. Вака се остава простор и нема да се изгужваат. Можете да користите коцки за пакување – ова се мали коцкасти несесери што ги држат алиштата компактни и наредени.
5. Течностите нека ви бидат на дофат: „Козметика и слично секогаш се става најгоре, во прозирна ќеса затоа што никогаш не се знае кога ќе сакаат на аеродром да ви го отворат куферот,“ вели Метју Клинт, чест корисник и експерт за бенефиции во Live and Let’s Fly.
6. Никогаш не ја отпакувајте козметиката. „Препорачувам посебен комплет козметика за а пат,“ вели Мари Кондо, автор на „Магијата на средувањето што ќе ви го промени животот: Јапонска уметност на средување и организирање.“ Да имаш посебен, веќе спакуван комплет производи за во купатило веќе спакуван, ти дава и сигурност дека нема да заборавиш четка за заби, или кутии за леќи.