Како да спакуваш 100 ствари во рачен багаж?

Да се разбереме, тоа што искуството покажува дека на одмор никој не облекол повеќе од две парчиња облека, плус купачи, никако не значи дека ние баш оваа година ќе се опаметиме и нема да спакуваме 280 ситници „да ни се најдат“.

Муабетот: може ќе сакам да идам со различни шешири. Може ќе сакам да сменам марама. Може ќе ми се скине оваа маица, оваа може ќе ми се намокри, а оваа е баш симпатична, плус никогаш ја немам облечено, ред е.

Не ми се затвара несесерот. Добро, може нема да има комарци, ама сигурно ми требаат и двете млека за тело, едното е за после туширање, другото е за после сончање.

Може ќе биде ладно.... дуксер.

Може ќе врне... уште едни патики.

Може ќе ми недостасува мачето...

На видеово може не пакуваат 280 парчиња, ама пакуваат цели 100, и тоа во рачен багаж. Не се важи за посебна способност ако земете 18 куфери.

А девојкава и тоа како е способна.

21 јуни 2017 - 14:58