Целата есенска колекција на Марк Џејкобс за 2023 ја собира на еден ТикТок

Беше прикажана во Њујоршката јавна библиотека, како „забрзан одговор на забрзаниот свет.“

Во денешниов свет на непрекинат пристап до интернет, бескрајни скролања и претерана изложеност, лесно е да ти се чини дека се повторуваат работите. Модните ревии веќе не им припаѓаат само на присутните во просторијата, туку на светот - до степен колекциите и сезоните да се мешаат меѓу себе и да не можеш веќе лесно да распознаеш која чија е. А сепак, ако трепнеа присутните на ревијата за есен 2023 која се одржа пред три дена во Њујоршката јавна библиотека и траеше цели три минути, може и ќе пропуштеа нешто.

А тоа била и поентата - Марк Џејкобс праќал манекенки по писта една по друга во претстава составена од две финалиња што присутните ги остави во прашалници „толку?!“

И толку било, затоа што колекцијата и шоуто се осмислени со носталгија на ум, за времето пред интернетот (сакоа со потпунки и металик мини), но истовремено прикажани низ хипер-модерни леќи - ВИ, која според нив ги зема уметноста, филмот, културата и што сакаш друго и ги трансмутира во нешто сосема поинакво, нешто репетитивно, монотоно и само уште една додавка на константниот тек на работите.

Сите детали од колекцијата ја прават ревијата чудна, дури и непријатна, како да има глич во системот - исто така намерно. Џејкобс знае дека ова ќе предизвика дискусија и тоа за брзината со која конзумираме информации секој ден и како тоа влијае на нашата перцепција на светот. И на крај, целата колекција ја собира во едно ТикТок видео, што ај-ди.вајс го коментира како - генијално.

Еве ја, минута и 45 секунди:

30 јуни 2023 - 15:01