И ние би така, Софи Тарнер

Санса од ГоТ надвор по папучи за по дома затоа што така се прави.

После журка во Мајами со браќата Џонас и Пријанка Чопра, Софи Тарнер се врати во Њујорк Сити за да шета по интервјуа и се прошета дотерана. Ама кој може да седи дотеран цел ден?

Потоа има фотографии додека го напушта хотелот (во центар на град) во сосема поинаква, кежуал варијанта со тоа што ни за нозете нема попуштено: Папучи. За по дома. И океј, Луи Витон се, ама сепак.

Папучите чинат 2000 долари, од крзно се и имаат розев монограм на нив. Ги носи од хотел до кола чисто за удобност (се гледа дека жената до неа, веројатно асистентка носи чевли во рака, за веројатно да се упристои кај и да оди).

Нормално, кој сака може да си ги купи. Ама пошто нема да купите папучи за 2000 долари, за шетање од дома до кола, има алтернативи - отварајте очи по град.

Или - Асос:

26 јуни 2023 - 19:50