Ова не се обични перики

Ова се „срамни“ или пубични перики, или „меркин“. Се носат уште од 1450-те.

Причината за постоењето на овие чудни аксесоари е прво што срамните влакна се сметале за популарни и атрактивни, но сексуалните работнички ги бричеле за да избегнат пубични вошки. Тоа, плус криеле сексуално преносливи болести како сифилис.

Во Холивуд, меркини се носат за да се сокријат гениталиите при голи или полуголи сцени - вака актерот се спречува да излезе комплетно гол пред камера, а со тоа и да се ограничи филмот за прикажување пред публика.

Оксфордскиот англиски речник забележува дека зборот „merkin“ прв пат се употребува во 1617. Зборот веројатно потекнува од malkin, погрден термин за млада жена од пониска класа, или Marykin, пејоративен начин да се каже името Мери.

Ете, фина дневна доза историја.

28 јуни 2023 - 10:36