На некои истражувања стварно нема потреба да се трошат пари

Се работи за истражување кој тип на женско тело најмногу влијае на машкиот мозок, и замислете - можно е - мажите се воодушевени од форма на песочен часовник. Ма неee.

Во 2010, група научници одлучиле дека нема доволно емпириски докази дека мажите се палат на широки колкови, па собрале 14 млади мажи, ги залепиле со жици и им покажувале слики од женски задници. Тешка работа имала таа контролна група, но храбро истерале и на научниците им овозможиле шокантни резултати: Мажите сакаат големи задници!

И тоа толку многу, што излегло дека колку е поголем соодносот струк-колкови, толку машкиот мозок се однесува како издрогиран или пијан. Кога гледаат слики од заоблени задници, вели науката, инстантно се активира природниот систем на мозокот за награди. И ова е можно објаснување за зависноста од порнографија и за успехот на Џенифер Лопез и Кардашијан.

Малку попроблематично е што во студијата се спомнува дека женските задници биле фотографии од седум жени пред и после операција за зголемување на задник, каде што им се вадело масно ткиво од други делови од телото и се ставало во задникот. И било едногласно - мажите повеќе ги сакале постоперативните фотки.

Еден од истражувачите вели дека ова може да е и објаснување зошто мажите страдаат од еректилна дисфункција во недостаток на порно и при неверство. А жените сега имаат докази дека манекенскиот идеал не се важи и не мора да гладуваат за да изгледаат како за на писта.

Ете, ако некој не знаеше, сега е појасно.

27 јуни 2023 - 09:30