Најгрдата, или најсреќната жена на Хенри VIII?

Вака кога ќе го види човек на слика Хенри VIII, не личи дека може баш многу да пребира, ама ете, и за него имало „премногу грда“ жена. И имала среќа.

Ана Клевска во историјата е позната како „грдата четврта жена“ на Хенри VIII, ама ова е тотално нефер опис. На 24-годишна возраст била донесена како невеста за кралот, разбирала само германски и не ги познавала англиските обичаи. После непријатната прва средба, Хенри ја отфрлил, велејќи дека не била воопшто убава како што ја опишувале сите.

Но, се разбира, има луѓе што ги интересира подлабоко да навлезат во „проблематиката“ и се открива дека нејзината приказна се плетка со некои од највлијателните луѓе во историјата. На крај има и рекреирање на ликот на Ана Клевска со помош на два различни портрети.

6 јули 2023 - 15:40