Наместо тоа, Виола се борела против законот и успешно го тужела силувачот. Нејзините активности станале катализатор за еманципација на жените во повоена Италија и се противеле на општествените норми во јужна Италија, каде што се сметало дека жената ја губи честа ако не се омажи за тој што ѝ ја „одземал“ невиноста.
Во тоа време, италијанските закони предвидувале дека силувачите нема да бидат казнети ако се оженат за жртвата. Член 544 од италијанскиот кривичен закон го сметал силувањето како „напад на јавниот морал“, а не „напад на личност'. Сексуалното насилство станало казниво како напад на личност дури во 1996.
Во 1968, Франка Виола се омажила за љубовта од детството, Џузепе Руизи. И покрај заканите по живот, Руизи инсистирал на бракот, дури и земал дозвола за огнено оружје со дозволата за брак за да се заштити себеси и жена му. За свадбата, добиле подароци од италијанскиот претседател, дури и прием кај Папата. Виола и Руизи родиле три деца и сè уште живеат денес во Алкамо, гратче во Сицилија.
Силувачот бил осуден на 10 години затвор. Го пуштиле во 1976, но две години подоцна го убила мафијата.