
Значи толерирање полиаморија. За потрадиционалните, полиаморија е врска со повеќе партнери во неа, не само двајца. Сите треба да се сакаат меѓу себе. Е сега, кога е со Т, едниот сите ги сака, другиот само ја толерира ситуацијата, на сопствена штета.
Прв терминот го употреби подкастерот и колумнист Ден Савиџ и го објаснува како ситуација во која едниот партнер се прави дека не знае дека другиот плаќа стриптизети, или имал некоја кратка афера низ годините.
„Можат да се фокусираат на фактот што нивниот партнер демонстрира посветеност и покажува љубов,“ вели тој, „И сето тоа го компензира, или барем го прави изневерувањето подносливо.“
Рековме дека ќе ви се види познато.
Психолози се вклучуваат во дискусијата да кажат дека не е исто со изневерување или прелажување - само бираш да не преземеш ништо. Ви текнува како оние коментари „па маж е, што да прави?“ или „ти си ти таа кај која што се враќа дома, што се секираш“? Е па, тоа.
Сепак, дојдовме конечно до неизбежниот заклучок дека толиаморија неизбежно води кон оштетување на врската - прво создава нефер динамика на моќ, затоа што за партнерот што „толерира“ сепак постои еден незгоден притисок. Практично, саботира свои потреби (за верност, лојалност, моногамија), додека другиот си ги става своите како приоритет.
Со тек на време се појавува и нетрпеливост и омраза и тестира граници. Да, луѓето во секое време смеат да се предомислат, но ако и двете страни не се согласни на новиот „аранжман“ и едниот ги жртвува сопствените потреби и вредности, толиаморија е рецепт за катастрофа.
Не прифаќајте ствари што прават да ви биде глупо.