Џона Хил излезе лигуш од дечко

Со тој стајлинг и не сме мислеле дека е нешто прејак, ама па сега и поранешната девојка одлучи дека ќе му раскаже на светот точно за каква досада станува збор.

Сурферката Сара Брејди објави серија скриншоти каде што се гледа наводна емотивна злоупотреба од тогашниот дечко Џона Хил.

„Ова е предупредување за сите девојки. Ако партнерот вака ви се обраќа, направете си план за бегство. Ова сега го споделувам јавно затоа што ако го држам во себе само повеќе штета ми прави,“ напиша на Инстаграм.

Меѓу другото, Хил бара од неа да ги тргне сликите во купачи, без разлика што работи како инструктор по сурфање. Во врска биле една година, а раскинаа во 2022. Во пораките, таа го прашува дали може да задржи едно одредено видео затоа што ѝ е „најдоброто видео од сурфање“ (да потсетиме: инструктор е) и пробува да најде компромис, и џабе.

Понатаму, ја спомнува и битката на Хил со менталното здравје и споделува дека не му е изговор; самата има свои борби „па не го користам тоа да контролирам луѓе.“

Меѓу побитните пораки од него:

„Едноставно е.

Ако мораш:

  • Да сурфаш со мажи
  • Да имаш неприкладни пријателства со мажи без никаква граница
  • Да си модел
  • Да објавуваш слики во костим за капење
  • Да објавуваш сексуални слики
  • Да се дружиш со нестабилни жени од твоето лудо скорешно минато повеќе од еден ручек или кафе или нешто пристојно

Тогаш не сум вистинскиот партнер за тебе.“

Од една година врска, четири месеци оделе на психолог како пар.

И замисли, психологот не бил задоволен од него.

Хил сè уште ја нема искоментирано ситуацијата.

10 јули 2023 - 00:00