Поезија составена од корона-мејлови

Песната се вика „Првиот ред од секој мејл што го добив додека сум во карантин“.

Дали коронавирусот ќе ја убие инфлуенсерската култура?

Додека корона коси луѓе и индустрии, многумина остануваат без работа, без идеја и без зборови, ама ретко кој станува со секоја минута побескорисен како инфлуенсерите.

Еве како ќе може да одиме по кафани

Замислете: Заграден личен простор на соларна енергија.

Изолација со парови кога си сингл: Изгладнување за човечки допир

Две-три сингл девојки споделуваат како се снаоѓаат во карантин, без партнер, додека околу нив цвета љубов, оперирана од осет и преплетена со глупи идеи. Заклучок: Луѓето се неподносливи.

Корона-писмо од една швалерка

Знаете како на сите ви истекна по една доскочица „што ќе прават швалерките сега во карантин?“ Е па, еве една реална димензија. Иако, насловот со „швалерка“ во него, откако ќе го прочиташ текстот, станува малку нефер. Не е ова класика, „ме сака, не спие со жена му“. Добро да, и ова го кажува. Ама еве, читнете.

Добредојдовте во ерата на дигитална модна недела

Следната модна недела во Лондон ќе се одржи дигитално и ќе ги спои ревиите за машки и женски колекции, според оранизаторите.

После пандемијава, дрес-кодот за на работа ич нека не се враќа

На форуми посветени на сметководство, инженеринг и Њујорк, луѓето бараат да ги видат туѓите комбинации за на работа или прашуваат како некој друг се носи. Во групи на Фејсбук за слабеење или мајчинство има прашања кај може да се најде евтин црн блејзер или кои се најдобрите панталони за на работа. На форумот на Хакер Њуз, еден 30 и кусур годишен дечко се жали како директорот го понижил што носи кошула меѓу сите опуштено облечени колеги.

Кој се плаши од „фам фатал“?

Нели, „фатална жена“. Поточно жена што може да уништи маж. Тропа што се повторува често, најчесто на филм, затоа што жената што уништува живот во реалноста баш некако и не бива Ким Бесинџер, па да не ти е криво.

Ако ви се миленијалците криви, на погрешна врата тропате

Стари сме веќе, тие што ви пречат се Генерација З.

Висока мода од ствари што ги наоѓаш по дома

Да не беше КОВИД-19, немаше да знаеме што креативни луѓе се кријат меѓу тие што ни живеат на социјални мрежи. Некои повеќе, некои помалку, некои забавни, некои отров. А некои - модно освестени.

Како се прави традиционален француски путер

Да се кладиме дека после видеово ќе истрчате до фрижидер?

Тивката моќ на интровертите

Овој пат и малку научно објаснување.

Ти благодарам Барби, што ме направи подобар родител

До сите мајки што инсистираа дека „Барбика во моја куќа не влегува“.

Челичната дама од Пакистан

Интересно е како човек со сосема поинаква судбина од твојата може да ти ги стави работите во перспектива.

Помош, жена ми не знае да готви

Од оние текстови каде што не можеш баш со сигурност на наведеш извор, ама некако знаеш дека се вистина.

Зошто е Азија опседната со избелување на кожата?

Еден од најбрзорастечките сектори во индустријата за убавина е истовремено и еден од најконтроверзните.

Дали миењето лице помага во заштита од корона?

Коронавирусот е гаден и веројатно и (се надеваме) правите сѐ што може да се направи за да го намалите ризикот од зараза. Тоа вклучува, да се потсетиме, дистанцирање, миење раце со сапун и вода, избегнување луѓе што се болни…

Како да бидеш океј мајка за време на пандемија

„Ај, вака: Имам многу ниски очекувања за себе како родител додека трае пандемијава. И не сум на некаков натпревар за најдобра мајка на светот.“ Вака Линдзи Пауерс го започнува своето излагање околу родителство и корона, на Јаху.

Виртуелна тура во музејот на Дали

Без разлика дали сте планирале да одите во Фигерес, или никогаш не ви паднало на памет, во наредниве неколку месеци - нема да одите. Ама затоа, можете да се почастите со виртуелна тура на музејот на Дали, кој се наоѓа баш таму.

Кај Дакота Џонсон дома

Дакота Џонсон е далеку попријатна кај нејзе дома, отколку во онаа неподнослива креација наречена филм според „50 нијанси сиво“.

Може ли да нарачувате облека онлајн сега?

Купувањето онлајн може да ви личи најлесно во ова време - не мора да излегувате, нема ризик - нема ни кај да го носите тоа што ќе го купите ама - ова некогаш мора да заврши нели?

„Uptown Funk“ и стари филмови

Посебна сорта се луѓето на кои им текнува „чекај, дај ќе монтирам 20-30 сцени од црно-бели и едвај колор филмови и ќе им ставам современа песна. Не ме мрзи.“

Како бе, вака?

Даин Јун е шминкерка од оној тип за кој најмногу има смисла титулата мејкап артист. Наместо да прави илузии за подолги трепки и подебели усни, Јун има некои други мераци - извртување на реалноста.