Нека се пријават тие што патат од истото, со вас сме:

Помош, жена ми не знае да готви

Од оние текстови каде што не можеш баш со сигурност на наведеш извор, ама некако знаеш дека се вистина.

Погледнете каков очај има во писмово најдено на Редит:

Жена ми не знае да готви, се караме нонстоп и не можам веќе.

Пред да ми обесите со „Што не си готвиш сам, тогаш?“, ислушајте ме. Женет сум 5 години. Жена ми врска нема од готвење. Проблемот е што мисли дека е неверојатна готвачка и се гордее со наводните готвачки способности. И многу се вреѓа кога луѓето не ѝ ја јадат храната. Сум пробал да нафрлам нешто за часови по готвење, но таа не гледа потреба затоа што „и онака супер готвам!“ И ако на некој начин ја критикувам, или давам сугестии за храната, експлодира и ме нарекува „пребирлив“.

Таа е тип на човек што не следи рецепти. Ќе ги види состојките, сѐ ќе истури во еден сад и одеднаш ќе го готви.

Нејзината идеја за „пржен ориз“ е порција што има толку многу ѓумбир што ми се вознемирува желудникот, а јас САКАМ ѓумбир. Има едно демонско „зачинето пилешко“ што е само пилешко во случаен избор на зачини што се нашле по кујна и печено во рерна. Секој можен пат кога прави ориз, оризот е разводнет и преварен (КАКО МОЖЕ НЕКОЈ ВАКА ДА ПРАВИ СО ОРИЗ СЕКОЈ ПАТ). И од неодамна се научи во сѐ да става сос што прави јадењето да има вкус на чадено.

И уште почудно станува. Секогаш кога сам си готвам (најчесто од фрустрација затоа што некои денови не можам ни да се преправам дека ми се допаѓа нејзината храна) и си го ставам јадењето во фрижидер, таа прво ја јаде МОЈАТА храна и ја игнорира нејзината. И кога ќе пробуричкам во фрижидер за да си ја најдам, ми вика „Што не го јадеш тоа јас што го направив?“

Значи кога мојата храна е во фрижидер ни сама не сака да си ја јаде нејзината. Еднаш ѝ го спомнав ова и ОДРЕКУВА упорно. Го јаде тоа јас што ќе го направам, а нејзината „добра“ храна ја бута на дното на фрижидерот каде што скапува, ама нема да признае дека можеби, само можеби, треба да поработи на нејзините вештини за готвење. Кога и да готви, си легнувам гладен. Готви толку многу… лошо. И дури и ако на некој начин покажам дека не ми се допаѓа, веднаш се лути и ми кажува дека „треба“ да ми се допаѓа.

Ова предизвикувало многу расправии, главно затоа што одбива да поверува дека готвачките способности треба да ѝ се подобрат. Контрол-фрик е кога се работи за храна и за кујна. Премногу е тврдоглава за фидбек за готвење затоа што мисли дека е одлична (НЕЕЕЕЕ). Дури е и преголем инает за следење рецепт како што треба - ќе го ѕирне, ќе ги извади состојките и сѐ ќе фрли во тава, па тера. Она што навистина ме излудува е што ме брка од кујна затоа што мисли дека таа има приоритет, затоа што тоа е „нејзин“ простор, а на крај не ја ни јаде ужасната храна ако треба да бира меѓу нејзината и мојата.

Не знам што да правам. Помош.

Се изнервиравте?

извор

12 април 2020 - 18:13