Ако ви се миленијалците криви, на погрешна врата тропате

Стари сме веќе, тие што ви пречат се Генерација З.

„Ало, миленијалци, не ви е ова екскурзија. Пандемија е во прашање.“

„Ме плаши ова чувство на неранливост кај миленијалците.“

„Време е миленијалците да пораснат, да престанат да се собираат и да шират Коронавирус.“

Од прилика вакви изјави се ширеа по социјалните мрежи (Твитер особено) кога беше најново и најстрашно сѐ врзано со коронавирусот. Дури и сега, ако пребарате „millenials“ на Гугл, ви вади разголени тинејџери по плажи, луѓе во различни бои и дезени како играат игрици и такви слични работи.

Само што, се чука на погрешна врата.

Имено:

Најмладите миленијалци во моментов имаат 24 години. Значи средношколците и мнозинството студенти се Генерација З и со години се Генерација З. Тие што не се прибираат се Генерација З.

Искрено,

Стар миленијалец што дипломираше пред 10 години.

Исто и:

Додека си дискутирате за КОВИД-19, имајте на ум дека миленијалците се сега на возраст од 24 до 39 години.

Исто и:

Не ми се верува дека морам ова да го кажам, ама тие што се неприбрани се Генерација З.

Ние миленијалците имаме над 30, имаме деца, нѐ боли грб и губиме работни места.

 

И:

Не се забавуваме ние. Напикани сме дома, гледаме телевизија и се дереме по родителите да не излегуваат надвор.

Миленијалците се ближат кон 40-тата. Имаат хипотеки. Ќелават. Преживеаа рап-метал и мразат радио. Напуштаат кафана ако им е многу гласно.

Доста викате „миленијалци“ кога зборувате за „дваес-кусур-годишни“.

Нека ви биде јасно дека „миленијалци“ веќе не ви е општ термин за „младина“. Сега миленијалци имаат деца и се начукуваат од две пијачки.

За крај:

15 април 2020 - 00:00