На филмови ја гледаме уште од ’40-ти - мрачни, комплицирани ликови со не баш најдобри намери, ама секогаш, секогаш привлечни за публика. Имаш Гилда, имаш Шерон Стоун во „Основен инстинкт“, Никол Кидман во „Мртва ладна“ - опасни, неодоливи и згодни жени, што како да се ставени во приказната за на луѓето да им паѓа вилицата до земја.
А карактеристиките на Femme Fatale се повторуваат - сензационален прв впечаток, на протагонистот одма му клецаат колена, сексуална е, цинична, и контра на страста што ја инспирира - емоционално е ладна и дистанцирана.
Она што е крајно интересен заклучок е дека често се потпира на анксиозноста што општеството ја има за жените.
Поточно, секоја фам фатал ја поддржува предрасудата што луѓето ја имаат за убави жени.
Што значи, убавите жени го јадат и не е фер.
Ама, не е ова од сега…
Од Ева и Саломе, преку Делила и Клитемнестра - општеството никако да си објасни како може да постојат атрактивни жени - и да не се проблематични.
Од таму и потекнува целиот мит: