До таму ли стигнавме? Од Дизајнлиберо, Либеро Рутило и Екатерина Шкетина прават физичка манифестација на фразата „живеење во свој свет“.
Всушност, се работи за физичка бариера, креирана да ги заштити луѓето на јавни места.
Мерките за социјално дистанцирање ги носат еден чекор понатаму и прават пластична топка (меур, јајце?) на дување, со што движењето низ нашите градови го замислуваат да се случува без страв од доаѓање во контакт со микро-честичките на вирусот, па дури и штетното загадување на воздухот.
Меурот е направен од термички обработен ЕТФЕ (етилен тетрафлуороетилен) и работи на електрична и соларна енергија. За да се надува микро-структурата, има батерија во ранецот која функционира како извор на енергија и за компресорот за воздух и за вентилаторите кои го прочистуваат воздухот преку променливи филтери. Меурот е составен од две половини, кои се меѓу себе поврзани со патент кој лесно се отвара, што на корисникот му овозможува лесно да влезе и да излезе од личниот штит.
Е па... Фешн Вик, есен 2020?