Имате принтер? Време е за доделување награди

Црвен тепих по желба.

Сите по дома заслужувате признанија за вашите успеси за време на изолација. Дали само ќе го читнете ова, или сериозно ќе се фатите за принтање и сецкање, дали ќе бидат дипломи или значки - ваше си е. Битно, за секого има по нешто. 

Наградите можат да се доделуваат секој ден. Можат и повеќе луѓе да добијат една награда, нема никаква селективност, само по заслуга.

1. Се истуширав денес.

2. Облеков панталони 

3. Јадев зеленчук. 

4. Се мрднав од двосед. 

5. Зготвив нешто покомплицирано. 

6. Ја почнав сложувалката што ја чувам пет години (бљак). 

7. Се појавив на видео-повик. 

8. Не дремев на социјални мрежи. 

9. Миев раце 20 секунди (ова би требало секој ден да можете да си го лепите).

14 април 2020 - 00:00