- Крајот на претераното „чување“ на животот на Бритни се славеше насекаде, особено кај виралното движење #FreeBritney, во кое луѓето ги поминаа последниве години агитирајќи за нејзиното ослободување од канџите на татко ѝ кој излезе и дека заработувал од тоа. А сепак, некои како дури сега да сфаќаат колку е радикално ослободувањето на Бритни, коментира Брендан О‘Нил.
- На 26 години, по настаните во 2007 што на сите ни се врежани во културолошката свест, на Бритни ѝ се доделува старател, со рок - засекогаш, што ќе ѝ ги контролира средствата и животот. „Дури и во затвор знаеш дека има момент кога ќе излезеш. Оваа ситуација е бескрајна,“ изјави Бритни во 2008.
- Сега е супер да се види слободна и среќна после 13 години, но е штета што нашата култура постојано истакнува колку е опасна слободата и наместо тоа, нè кани да ја прифатиме плиткоста на нео-авторитарноста.
- Фотографот Дерек Ц. Бласберг, денес соработник во Харперс Базар меѓу 2009 и 2012 се шетал со Канон Пауершот и го документирал светот на модата, уметноста и ноќната сцена во Њујорк.
- Книгата се вика Fast + Louche и е колекција на слики што ги правел за колумна со истиот наслов за магазинот Интервју.
- Самата колумна се развива од историјата на Интервју - Ворхол кој го има основано магазинот бил опседнат со дкокументирање на сопствените „излегувања и влегувања“.
- Книгата е сега сведоштво на едно друго комплицирано и слоевито време - далеку поедноставно од ова денес.
- Додека Лорен Безос (сегашната сопруга на Џеф Безос) се мачи да ја прифатат на холивудската и модната естрада, Мекензи Скот (бившата) се заветува дека „има да подарува додека не пресуши“.
- Ако само лани вкупните донации достигнале до 19,2 милијарди долари, скоро една третина - 7 милијарди - е од Мекензи Скот.
- Безос се ожени за неа во 1993, една година пред да го основа Амазон во нивната гаража дома. Имаат три сина и ќерка и се разделија во 2019.
- Скот, која сега има 56 години има донирано над 26 милијарди на над 2700 организации.