Дури и Тејлор Свифт може да згреши

Грешката по сè изгледа е во новиот албум, The Life of a Showgirl, и без разлика што овој нејзин 12-ти студиски албум е искачен на врвот на топ листите, дури и најпосветените фанови викаат дека не го бива.

Од петокот наутро, социјалните мрежи се преплавени со коментари кои го опишуваат албумот како „потпросечен“, „изморен“ и „без душа“. Дури и долгогодишни фанови признаа дека овојпат тешко можат да ја одбранат.

„Искрено, ова ѝ е најслабиот албум, и тоа го велам иако сум фан повеќе од десет години,“ се вели во еден од најсподелуваните твитови викендов.

The Life of a Showgirl беше најавен уште во август, како контраст на минатогодишниот The Tortured Poets Department - мрачен и лирски богат албум кој, и покрај поделените критики, публиката го обожаваше. Новиот материјал требаше да донесе повеќе енергија, светлина и сценска живост, инспириран од турнејата Eras, но многумина сметаат дека токму таа турнеја ѝ одзела време и концентрација за албумот да биде довршен „со истата длабочина што ја карактеризира нејзината работа.“

Критичарите признаваат дека албумот има свои моменти - како песните Father Figure и CANCELLED! - но дека како целина не е доволно уверлив и, парадоксално - дека е безживотен. Додека некои веруваат дека ова е само некоја преодна фаза во нејзиниот звук, други веќе почнуваат да се ситат од идејата дека можеби, конечно - Тејлор Свифт ќе „падне“.

Тешко. 

6 октомври 2025 - 00:00