Грешки што најчесто се прават:
1. Триење на теписите
Триењето може да помогне кај садовите, но не и кај теписите. Притискањето на дамките само ги вткајува подлабоко во влакната и може да ги оштети. Наместо тоа, користете специјален препарат за дамки и тапкајте со влажна крпа.
2. Чистење прозорци со кружни движења
За беспрекорно чисти прозорци, избегнувајте кружни движења. Најдобро е да бришете хоризонтално, а потоа вертикално, за да нема траги.
3. Користење погрешен препарат за теписи
Лековите за отстранување дамки од алишта не се погодни за теписи. За да ги заштитите влакната и да добиете подобар резултат, користете препарати специјално наменети за теписи.
4. Непочитување на времето на делување
Понекогаш производите за чистење треба да „постојат“ за да делуваат ефикасно. Малку трпение може значително да го подобри резултатот при упорни дамки и натрупан прав.
5. Миење лонци од челик со сапун
Челичните или лиените тави не сакаат сапун, бидејќи ги отстранува заштитниот слој и храната се лепи. Чистете ги со топла вода и мека четка.
6. Преполнување на правосмукалка
Нормално дека нема да влече, нормално дека ако е пластичен канистер ќе се оштети моторот, а ако е хартиена ќеса ќе пукне и ќе имате нов проблем - пак за правосмукалка. Празнете на време.
7. Чистење прво под
Ќе исчистиш под, ќе го светнеш, па ќе фатиш кујнски површини и прашина. И сѐ ќе заврши на подот. Ова веројатно го грешат само почетници, ама на секого може да му се случи. Затоа, пребришете сѐ и оставете го подот за крај, за да нема дупла работа.