Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Ванковска: Академски ровови

21 март 2022
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Денес нема еретици, замолчени се и врзани за својата држава/алијанса. Се случува токму она од што се плашеше Хенрик Ибзен: најголемиот непријател на вистината и слободата е постоењето на компактно мнозинство.
  • Колеги објаснуваат дека мора да го почитуваме фактот дека сме во непријателски односи со агресорот и дека така треба да се однесуваме кон сѐ што е поврзано со него. Тука веќе не станува збор само за осуда на Путин или именувањето на војната како војна. Не е доволно ни да сочувствуваш со жртвите. Потребно е да го мразиш агресорот како што никогаш досега не си мразел никого. Како да досега сме живееле во рајска градина, која сега еден ѓавол ја уништил во своето лудило.
  • Бараат од нас да бидеме нивна „логистика“, да се убиваме симболички, со зборови, со исклучување, со негација и поништување. Војната ќе заврши, но што потоа? Фобијата и омразата го носат семето за нови војни кои ќе бидат дел на оваа непрекината воена состојба на умот на која и сме навикнале.
извор

Флавио Болсонаро избега во САД

28 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Еден ден откако го призна поразот на претседателските избори во Бразил, Флавио Болсонаро заминал во САД, наспроти судската одлука да го предаде пасошот. 
  • Извори на ББЦ тврдат дека САД итно им издале виза на Болсонаро и членовите на неговото семејство. Флавио наводно веќе пристигнал во Флорида и се сретнал со помладиот брат Едуардо, кој живее во Тексас.
  • Против Флавио Болсонаро во Бразил се води истрага за перење пари. Ако биде обвинет, Бразил може да побара да биде екстрадиран од САД.
  • Таткото на Флавио – поранешниот претседател Жаир Болсонаро, отслужува казна од 27 години затвор поради учество во заговор за државен удар, по поразот на претседателските избори во 2022 година. Поради нарушеното здравје, казната ја отслужува во домашен притвор.
  • „Флавио се откажа. Тој е преплашен. Загрижен е дека татко му ќе умре во затвор, дека тој самиот ќе заврши во затвор уште оваа недела, и дека го чека долга затворска казна“, изјави советник на Болсонаро.
извор

Путин го покани Зеленски на директни разговори во Москва

28 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Рускиот претседател Владимир Путин го поканил украинскиот претседател Володимир Зеленски да дојде во Москва на директни разговори за крај на војната. Му гарантира безбедност.
  • Норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе и финскиот претседател Александар Стуб вчера во телефонскиот разговор го известиле Путин дека Зеленски е заинтересиран за директни разговори.
  • „Ако Зеленски навистина сака да води директни преговори, треба да дојде во Москва, каде што ќе му бидат обезбедени сите неопходни услови, вклучувајќи и безбедност“, изјави Јуриј Ушаков, советник за национална безбедност во Кремљ и поранешен амбасадор во САД. 
  • Путин во разговорот се фокусирал на иницијативата за трилатерални разговори меѓу Русија, Украина и САД во Абу Даби, но не ја разгледува можноста и Европа да испрати свои претставници.
  • „Воопшто не размислуваме за тоа кој би можел да ја претставува Европа, бидејќи за тоа ќе се одлучува во многу подоцнежна фаза“, кажа Ушаков.
  • Путин и Зеленски се сретнале само еднаш, во 2019 година во Елисејската палата.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Двојазичност на албански начин

Македонштина
2

На „револуционерите“ никогаш не им е доволно

Балканштина
3

Доби црвен и се врати од тунелот за да го патосира Чурлинов

Фудбал
4

Вучиќу, не си единствен

Балканштина
5

Желботека

Балканштина
6

Фаќање сеир на оние кои избегаа од Трамп

Разно
7

Вакви ако земат сила, ќе ја урнисаат победата

Балканштина
8

Стручна анализа на изборен пораз

Балканштина
1

Фаќање сеир на оние кои избегаа од Трамп

Разно
2

Се бара затворање на Информер, Вучиќ најавува прекин на комуникациите

3

САД градат „Тврдина“ за глобална војна

Свет
4

Микрософт им понуди отпремнини на 60.000 вработени

5

Цветковиќ: Во Израел, со кичмата во куфер

6

Европски лидери се охрабрија да разговараат со Путин

7

Европа вложи сè во коли на струја - и загуби

Бизнис
8

Антропик се претстави како темпирана бомба за човештвото и инвеститорите

Технологија
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Двојазичност на албански начин

Балканштина

Вучиќу, не си единствен

Балканштина

Стручна анализа на изборен пораз

Балканштина

Желботека

Балканштина

На „револуционерите“ никогаш не им е доволно

Балканштина

Вакви ако земат сила, ќе ја урнисаат победата

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Калеш Анѓа на квиз

Царот се вика Миле и живее на трети

Благо спакувано во очобол

Светот не ги сакаше ни еврејските бегалци

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy