- Администрацијата на Доналд Трамп ги замрзна апликациите за имиграција во САД за државјани од 19 земји, за кои оцени дека се со висок ризик.
- Уште од јуни целосно беше запрено издавањето визи за државјани на 12 земји - Авганистан, Бурма, Чад, Република Конго, Екваторијална Гвинеја, Еритреја, Хаити, Иран, Либија, Сомалија, Судан и Јемен. На списокот се додадени Бурунди, Куба, Лаос, Сиера Леоне, Того, Туркменистан и Венецуела.
- Директорот на Службата за имиграција, Џозеф Едлоу, нареди да бидат проверени сите дозволи за престој во САД издадени за имигранти од овие 19 земји.
- Како причина за забраната е наведен нападот од заседа што го изврши Авганистанец врз двајца припадници на Националната гарда во Вашингтон пред една недела. Гардистката беше убиена, а нејзиниот колега е во критична состојба.
- Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
- Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
- Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
- Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
- Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.