- Разговорите на американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер со рускиот претседател Владимир Путин во Москва за крај на војната во Украина завршија без конкретни резултати, но беа оценети како „продуктивни“.
- Виткоф и Кушнер му ги претставиле на Путин предлозите за територијално разграничување во Украина. Путин инсистирал Русија да го добие цел Донбас преку преговори или на сила.
- „Средбата беше корисна, конструктивна и значајна... Москва може да се согласи со некои елементи од американскиот план, некои точки се неприфатливи за Русија“, изјави советникот на Путин за надворешна политика, Јури Ушаков.
- Американските претставници ќе му ги пренесат директно на претседателот Трамп одговорите и ставовите на Путин. Виткоф и Кушнер денеска ќе се сретнат и со украинскиот претседател Зеленски.
- Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
- Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
- Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
- Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
- Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.