Време на подготовка:
35 мин.
Време на готвење:
35 мин.
Вкупно време:
1ч. 10 мин.
Порции
16 парчиња
Состојки
- 2 лажички маслиново масло
- 500гр. мелено пилешко месо
- 2 главици млад кромид, ситно сецкан
- 1 чешне лук, сецкан
- 300гр. замрзнат мешан зеленчук (грашок, пченка, морков, пиперка)
- 100мл. млеко
- 4 листови замрзнато лиснато тесто
- 1 јајце, лесно изматено
- доматна салца
Подготовка
Загрејте масло во голема тава на силен оган. Пржете го меленото пилешко месо 8 минути. Притоа повремено мешајте го со дрвена лажица.
Додадете кромид и лук и гответе ја смесата 1 минута. На крај додадете го замрзнатиот мешан зеленчук и млекото. Гответе ги уште 5 минути. Тргнете ја смесата на страна за да се излади.
Оставете го замрзнатото тесто малку да се одмрзне за полесно да се превиткува. Загрејте ја рерната на 200 степени. Премачкајте 2 плеха со малку масло и обложете ги со хартија за печење.
Пресечете ги листовите лиснато тесто на 4 дела. Додадете по две лажици од смесата со пилешко месо на секое парче тесто. Премачкајте ги рабовите на тестото со матено јајце и преклопете го на половина за да ја затворите смесата. Притиснете ги рабовите на тестото со вилушка за да се залепат.
Наредете ги кроасаните во подготвените плехови и премачкајте ги одозгора со јајце. Печете ги 20 минути додека да добијат златно жолта боја. Послужете ги кроасаните со доматна салца.