Гледанка

„Во дивината" (2007)

Напишана и режирана од Шон Пен по книга на писателот и планинар Џон Кракауер, ова е вистинска приказна за момче кое одлучува да се одметне, живеејќи во дивините на Аљаска. Филм за сите оние кои некогаш помислиле да ги „снема", ја читале „Валден" и ја сакаат музиката на Еди Ведер.

„Различните“ (Divergent, 2014)

Колку варијанти на дистописки книги претворени во филмови, кои зборуваат за тинејџери кои го предизвикуваат системот со своите востанички потфати можете да поднесете? Што се однесува до нас, ако главниот лик е женско на граница на супер-херој, колку сакате. Па уште ако вешто ракува со студено оружје...

The Snowpiercer (2014)

Футуристичка трилер-акција во стилот на Матрикс или Игри на гладта, со дизајн како кај Вес Андерсон, и со алегориски и сатирични тонови, кои лесно ќе ги препознаете. Особено ако сте од задните вагони на возот кој забрзано ита, кон никаде.

„Монти Пајтон (главно) во живо" (02 Арена, Лондон, 20. јули 2014)

„Кој ќе речеше пред 45 години дека денес ќе седиме тука и ќе настапуваме како Монти Пајтон" - вака Ерик Ајдл го отвори шоуто, кое беше десети настап на пајтоновци во арената О2 во Лондон ова лето, и (наводно) финален за вјек и вјеков.

„Спрингстин и јас“ (2013)

Повеќето критики за филмот велат дека тој има смисла само ако сте фан на Шефот. Но ако само малку го проширите визирот, тој е славење на музиката воопшто, на нејзината моќ да ви влезе под кожа и да влијае врз вашиот живот, онака како што музиката на Брус повлијаела врз неговите фанови, кои се вистинските автори на филмот.

Адвокатот (2013)

Филм на Ридли Скот со Мајкл Фасбендер, Пенелоп Круз, Камерон Дијаз, Бред Пит и Хавиер Бардем. Зарем може тука нешто да тргне наопаку? Епа може.

„Непријател" (2013)

Ти кажуваат дека филмот е за човек кој случајно сфаќа дека има двојник. Ментално го сместуваш во жанр трилери, и цел филм ги пропушташ сите можни хинтови кои упорно ти посочуваат на нешто друго. На последната сцена сфаќаш. Дека треба да го почнеш од почеток.

„Да се биде во светот“ (2010)

Филозофски документарец кој се обидува да одговори на едно навидум едноставно прашање - што бараме тука?

„Ноќно стражарење" (2007) и „Рембрантовото J'Accuse" (2008)

Во 2006, во рамките на одбележувањето на 400 години од раѓањето на Рембрант во Холандија, Гринавеј почнал долгогодишен проект, кој вклучувал опера, игран филм и документарец посветени на овој сликар. Поточно на една единствена негова слика.

„Небраска“ (2013)

Сенилен ветеран од Корејската војна добива едно од оние лажни писма за награда. И тргнува да си ја подигне, од Монтана до Небраска, вкупно 1500 километри. Сам. И пешки.

Vive la France! (2013)

Aко сте го гледале Борат (а сте го), тогаш филмов нема да ви биде нешто. Ама тоа што сатирата овој пат е насочена не кон САД, туку кон Франција, е доволна за европски сеир.

„Продавница за самоубиства" (2012)

Цртан филм кој ќе ве разведри со својот мрачен хумор. Не, стварно.

„Во главата на Луин Дејвис", или што значи мачката?

Ако пред-дилановската сцена на Гринич Вилиџ не ви прави мерак, и ако саундтрак сам по себе не ви е доволен за да прогласите некој филм за добар, тогаш овој не е за вас. Единствено може да помогне ако сакате мачки.

Руби Спаркс (2012)

Убав филм на една стара тема, за врската помеѓу писателот и ликовите кои тој ги создава. Но и за тоа колку љубовта е оправдување за тоа од некого да бараме да биде нешто што не е.

„Хана Арент" (2013)

Биографски филм за една од најзначајните (женски) фигури во историјата на филозофијата на 20. век, чии ставови за „баналноста на злото" би требало да бидат сфатени сериозно и денес.

Perfect Sense (2011)

Нема празник а некој на социјалните мрежи да не побара да му се препорача филм, по што обично следат долгометражни коментари со наслови и линкови. Еден од нив овој пат ни фати око.

„Црно огледало" (TВ серија)

Одлична британска телевизиска серија, која ги истражува мрачните страни на технологијата, со кои допрва ќе се соочуваме. Нешто како „Зона на самракот" на дигиталната ера, со техно тину-нину во позадина.

„Филм 43" (2013)

Ова е еден од оние филмови кои или сосема ќе ве „освежат", или ќе ги прекинете на пола и ќе посакате никогаш да не сте ги гледале. Ние сме од освежените.

„Игри на гладта: раѓање на огнот" (2013)

Вториот дел како да научил од мааните на првиот, и и покрај тоа што не нуди нешто посебно ново, е сепак поубедлив. Иако Вуди уште не си ја измил косата.

„Само љубовниците преживуваат" (Џармуш, 2013)

Нешто како гатанка: што е она што не познава простор и време, овозможува мигови кои ги нарекуваме „вечност“, и заради која вреди да станеш од кревет...секоја вечер? Дај уште од тоа рујното, да наздравиме во нејзино име.

„Гравитација" (2013)

Вселенска одисеја која визуелно ќе ве остави без здив, а сценаристички ќе направи да се запрашате - зошто имало потреба во таа величествена тишина некој воопшто да отвара уста?

„Два дена во Њујорк" (2012)

Фино, feel good филмче, ко за недела попладне, од умната и убава Џули Делпи, со Крис Рок и нејзиниот уште посмешен татко.

„Полицаецот“ (2011)

Eден навидум приглуп локален полицаец, еден агент на FBI, тројца криумчари на дрога навлечени на Ниче, две симпатични проститутки, многу кокаин и брутален хумор кој ги разбива сите можни стереотипи. Супер филмче од Џон Мајкл МекДона, братот на Мартин МекДона („Во Бриж“).

„Хамсун" (1996)

Биографски филм за норвешкиот нобеловец, кој се обидува да ги разјасни контроверзите околу славниот писател, кој при крајот на животот, на 86 години, е обвинет за соработка со нацистите и ставен во лудница.