Единствениот тренер на светот кој го освои фудбалскиот Гренд Слем. Речиси сите прослави ги помина со својот син Алваро кој има Даунов синдром. Важеше за тренер кој скроти карактери како Зидан, Бекам, Фиго, Диего Коста, Пике.
Херта обезбеди минимална предност од 1:0 во првиот дуел против Брондби од 3. квалификациско коло во Лига Европа, благодарение на најубавиот гол на вечерта, каков што може и нема да видиме цела сезона во ЛЕ.
Трансферот на летото во Серија А, навивачите на Наполи го сфаќаат како директен убод со нож во срце. Штом сега се волку бесни, кој знае што ќе му приредат кога Јувентус ќе гостува во Неапол
Јувентус во последните две години потрошил вкупно 293,1 милиони евра на трансфери со што е најголем трошаџија во светот во претходните 24 месеци, пред Сити, Јунајтед, Атлетико и Ливерпул.
Додека по куќата им светело црвено снајперско светло, Ведад морал да ја смирува малечката исплашена сестра да не плаче за да не ги откријат кај се. Патот од Швајцарија и САД го носи во Франција, а на крајот фудбалските и човечки квалитети ги докажува во Германија.
Гонзало Игуаин не е единствен играч на Наполи кој им го има скршено срцето на Наполитанците. Историјата памети и славни и не баш познати играчи кои направиле трансфер кај спортскиот непријател. Со таа разлика што Чиро Ферара прошталниот меч го направи на Сан Паоло.
Топџиите го платија Швајцарецот Гранит Џака преку 40 милиони евра, пари кои се обидува да ги оправда уште пред стартот на новата сезона. Ритуалот е секој новајлија на првиот ден во новиот клуб да изведе некоја точка.
Еден од најдобрите португалски фудбалери кои станаа европски прваци, Андре Гомеш после ланскиот дебакл на Валенсија 7-0 од Барселона, решил да продолжи на тренинг истата вечер затоа што не можел да се погледне во огледало. Партиите против Реал и Барса му беа врвни.
Тотенхем замина на турнеја во Австралија, а на триковите на Ерик Ламела наседна атлетичарот Џон Стефенсен кој има бронзен медал на 4x400 метри во Атина 2004.
Недоаѓањето на Марсело Биелса, 11-те продадени сезонски карти за еден ден и протестите на навивачите се само најава за проблемите кои се таложат во Лацио. Хармонијата е срушена и во тимот. Лулиќ со непотребен груб старт му посака “добре дојде“ на новото засилување Лукаку, а за прекршокот му се одмази Кеита. Потоа овие двајца се степаа, а камерата го смени кадарот.
По пауза од 27 години, 15-кратниот колумбиски шампион го освои драгоцениот трофеј во Копа Либертадорес. Претходниот го славеше заедно со Пабло Ескобар.
Многу веѓи се кренале во Аргентина кога славниот клуб од Буенос Аирес решил за помошен тренер да назначи жена психолог по професија. Таа брзо ги демантира скептиците и станува најзаслужна за ведрата атмосфера во Ривер.
Горан Пандев денеска полни 33 години, а нашите честитки во насловот се такви бидејќи со Џенова сезоната ја заврши без постигнат гол, а за репрезентација на квалификациски натпревар нема стрелано од 10 септември 2008-ма против Холандија.
Никола Миротиќ од Чикаго Булс против Тибо Куртоа од Челси. Црногорецот го тестираше белгискиот голман и за малку не го доби двобојот, но изненади со еден негов потег.
Има голмани и голмани. Овој е од типот на Рожерио Сени, Валдерама, Рене Игита, Габор Кирали кои на свој уникатен начин оставија впечаток. Кога ќе го видите ќе се исплашите. Се здебелил како прасе. Ама уште брани.
Еден од најдобрите колумбиски фудбалери во моментов, Фабиан Кастиљо (24) од фудбалскиот клуб Далас се пресели во турскиот Трабзонспор. На аеродромот го очекуваа стотина навивачи на овој клуб.
Кога еден ирски свештеник, сопственик на ирскиот клуб Лимерик го поставил 36-годишниот Алардајс за тренер, сите виделе дека од него еден ден ќе биде голем стручњак. После 20 години успешна кариера, на Биг Сем му се оствари желбата да ги води најдобрите англиски играчи.
Старата Дама денес и официјално го претставува најголемото засилување во последните неколку сезони. Аргентинецот Игуаин имал на маса понуди од Арсенал, ПСЖ и Кина, но решил да премине во омразениот клуб на Наполитанците. Зошто?
Да одмориме мозок малку од цифри, 90 милиони, 120 милиони, Игуаин, Погба и слично. Одиме со една куса и човечна приказна која за жал малку клубови во светот ја прават, а едноставна е и целта е една и единствена. Усреќи го детето.
Во сенка на историските успеси на Лестер, Исланд, Велс и Ростов, остана подвигот на клубот од малото португалско градче со 12.000 жители. Тим кој од осмата лига стигнува до првата и се изборува за опстанок во елитата.
Во принцип децава се стварно глупаци. Нивниот тим по име Бахиа Бјанка слави титула во една од помалите аргентински лиги и наместо да се поливаат со шампањ, домашните навивачите ги тепаат гостинските фудбалери.
Англичаните објавија листа на најомразени клубови во своите редови. Истражувањето покажува дека навивачите најмногу ги мразат најјаките екипи на островот.