Англичаните објавија листа на најомразени клубови во своите редови. Истражувањето покажува дека навивачите најмногу ги мразат најјаките екипи на островот.
На 53 годишнината од катастрофалниот земјотрес кој го погоди Скопје, ќе ве потсетиме на еден од незаборавните и најтешките преноси кој го вршел доајенот на радио репортерството, Ивко Панговски.
Во 2017 година тврди дека ќе влезе во Гинис со рекорден број на влетувања на терен за време на фудбалски натпревар. ФИФА го обвини нека бил најлош пример на Мундијалот во 2014-та, бразилските власти го избркаа, а неговата порака е: Да има мир во светот.
Кога во еден момент суетен, фрустриран и арогантен човек ќе се здобие со прилика да води голем колектив, резултатот е: празни трибини, пустелија од стадион, многу непријатели и реалното прашање мораше ли вака?
Топџиите често знаат да блеснат на почеток, да држат прво место во Премиер лигата на средина од првенството и на крај да паднат. Така било и на оваа табела од сезоната 1936/1937 кога од прво на крај паднале на трето место.
Извесен Аџело Трофа, кој се опишува како илустратор и носталгиџар по италијанско првенство од 90-та, вака ги замисли денешните фудбалски ѕвезди во постари дресови.
Дека бразилскиот напаѓач располага со топовски удар уште од поодамна, покажува ова видео каде е со сосема друг имиџ, кој не го паметиме од времето кога играше во Јапонија меѓу 2005-та до 2008-ма. Хулк денеска полни 30, а Јапонците направија кусо видео со две голчишта од него.
Пеналот кој го вратија во мода Меси и Суарез, се обидоа да го изведат во Перу. Добро тргнаа дечките, само фалеше некој да ја помести стативата едно 2 сантиметри.
Растен во париски кварт заедно со двајцата постари браќа, Погба уште од мал се исчеличил и сакал само едно: да стане познат фудбалер. Целиот фудбалски пат го оди под рака со мајка му која што раскажала како му се развикала на Фергусон.
Силвио Чавриќ, некогашниот најголем талент од генерацијата на Лука Модриќ, поради повреда морал да ја прекине кариерата и да почне да се занимава со угостителство. Со Мамиќ има доживотен договор да му дава петина од платата што и да работи.
Наполитанците имаат посебна страст за фудбал, можеби најголема во Италија и кога ќе ги погодиш таму каде најмногу ги боли, полудуваат. Тоа го направи нивниот најголем идол после Марадона од кој повеќе нема да се најде дрес во Неапол, ниту во трафика.
Познатите и славни фудбалери денес заработуваат толку многу што може да си приуштат буквално сè. Но имало времиња кога носеле молерски костуми и весници на глава, влечеле количка со малтер или работеле како кондуктери во градски превоз.
Национал е најсаканиот фудбалски клуб во вториот по големина град во Колумбија. Ни една свадба, банкет, матурска ни роденден не можат да го заменат славјето на Меделинците кога Национал дава гол.
Кога имаш крило во тим кое ја прима, влегува во шеснаесетник, се соочува со двајца чувари, ги прави мајмуни и потоа на голманот му вика џабе се фрлаш, тогаш греота е да го продаваш. За Марез, Арсенал нуди 50 милиони евра.
Ако на вчерашната галерија на стари слики од летни одмори најјак беше Марадона, сега тоа се тренерот и директорот на Ливерпул кои се качени на педалинка како пред хотел Силекс.
Минесота Јунајтед, екипа која настапува во втората лига во САД играше пријателска против англискиот Борнмут која заврши 0:4. Главната катастрофа беше автоголот на голманот Семи Нџока при резултат 0:1 за Борнмут. Никој не го обвини, а некој профитираше.
Ако некој лик ни фали од Европското првенство во Франција, тоа сигурно е Габор Кирали, човекот со сивите тренерки кој го сруши рекордот на Лотар Матеус и стана најстар играч кој настапил на ЕП. Една од финтите која не ја видовме на Европското.
Во историјата на човештвото многу предавници сакале да се вратат меѓу своите, но за тоа морале да изодат многу потежок и трнлив пат каков што сега го чека Марио Геце, некогашниот миленик на Дортмунд, па златна резерва во Баерн и сега најомразен лик на Вестфален.
Тоа е бројка која обично ја носат најистурените напаѓачи на кои работа им е само да ја боцнат топката во гол. На Стемфорд Бриџ не е така. Од дресот со број 9 бегаат сите како од чума, па дури и дефанзивците.
Бразилецот Роналдо неколку пати одговараше на предизвиците кои му ги поставуваше Нејмар (со портокал, со тениско топче, со лименка), но овојпат ќе има тешка задача да му парира после ова.
Вечно третиот голман на Реал Мадрид и Барселона имал необична играчка, а веќе неколку години има успешна тренерска кариера. Од тренер во Рајо Ваљекано стигна до Порто и до шпанската репрезентација со која ќе го гледаме на „Филип Втори“.
Бари 1991. Италијаните појма немаат што е тоа ужичко коло. Тие во тоа време беа горди на Тото Кутуњо кој една година претходно победи на Евровизија. Муабетот ни е дека во вчерашната статија за Роби не го ставивме ова легендарно парче за гледање каде тој е коловоџа. Панчев не го видовме, но на оро се фатени Дејан Савичевиќ, Илија Најдоски и ред други ликови. Ѕвезда е шампион во Европа, свирачи јуриш среде Италија.