Вечно третиот голман на Реал Мадрид и Барселона имал необична играчка, а веќе неколку години има успешна тренерска кариера. Од тренер во Рајо Ваљекано стигна до Порто и до шпанската репрезентација со која ќе го гледаме на „Филип Втори“.
Бари 1991. Италијаните појма немаат што е тоа ужичко коло. Тие во тоа време беа горди на Тото Кутуњо кој една година претходно победи на Евровизија. Муабетот ни е дека во вчерашната статија за Роби не го ставивме ова легендарно парче за гледање каде тој е коловоџа. Панчев не го видовме, но на оро се фатени Дејан Савичевиќ, Илија Најдоски и ред други ликови. Ѕвезда е шампион во Европа, свирачи јуриш среде Италија.
Бразил слави јубилеј, Флуминенсе кани на дуел англиски четвртолигаш. Во Виетнам гори, а се појавува американски клуб на пријателска. Клуб Бриж игра на терен за голф, а Хари Реднап пушта во игра навивач.
Кога фудбалската репрезентација на Канада, ама женската, ќе има настап на Летните Олимписки игри, гледаноста ќе биде помала. Причината е едноставна, настапот го откажа Кајлин Кајл која одлучи да остане со својот тим Орландо. Можно е да улета, ама во случај Канада да има проблем со повредени. Во Лондон 2012 го освои бронзениот медал. Инаку ако се суди по физикусот заслужува и повеќе.
Семи Џок брани за американскиот второлигаш Минесота Јунајтед која на пријателски меч загуби 4:0 од Бурнемут. Многу се мали шансите овој гол да не заврши на некоја најавна шпица од типот на најсмешно видео инсерти. Семи има и три настапи за Камерун, а ништо чудно и на толку да остане.
Растен на загрепскиот асфалт, уште во детството се одвојувал од другарите по талентот за фудбал. Неговите родители биле борачи и џудисти, но Пјаца под перницата сакал да спие со копачки, а не со кимоно. Во Торино сабајлево стигна како суперѕвезда.
Братот на ѕвездата на Челси чекаме скоро две години да го облече дресот на македонската фудбалска репрезентација. Албанците имаа 7 фудбалери на ЕП 2016 со идентични случаи како неговиот и тоа не беше проблем за ФИФА, која нејасно е зошто ги кочи работите за Матиќ.
Унгарскиот првак Ференцварош на пенали испадна од Партизани Тирана, дополнително внесениот албански претставник во квалификациите за Лигата на шампионите. По 1:1, следуваа пенали каде голманот на Партизани Албан Хоџа правеше чуда. Најпрвин изведе мајсторска Паненка а потоа одбрани три пенали и е најзаслужен што Албанците во следното коло ќе играат против Салцбург.
Ромелу Лукаку се поврзува со трансфер во Челси, а Пол Погба веројатно ќе се врати во Манчестер Јунајтед. Но тоа не е причина да се опуштат на одмор во Мајами и да изиграат баскет. Ѕвездата на Јувентус даде тројка без коски.
Фудбалерите на Вардар покажаа заби на реванш квалификацискиот дуел од Лигата на шампионите и на два пати имаа водство, но со двата пенали за кои сами се виновни, не успеаа да направат сензација и да го елиминираат Динамо Загреб.
Марко Пјаца е втор играч на кој Здравко Мамиќ ќе заработи повеќе од 20 милиони евра, а со неговата продажба Динамо стана 9-от клуб во светот со најголема заработка во последниве 10 години.
Поранешниот идол на навивачите на Енфилд Роуд отворено зборуваше за предозирањето со лекарства против болки (анти-инфламаторни лекови) кога медицинските лица едвај го спасиле на теренот во 2015-та година.
Сиот овој колаж на стари фотографии од одморите на некои поранешни фудбалски имиња е сосема нормален за тоа време, се додека не дојдете до моментот каде Диего и Клаудиа си ги имаат сменето позите.
Интер имаше 1:1 против Реал Солт Лејк на пријателски дуел во САД, но во 92 минута падна гол кој уште сега може да биде прогласен за најубав за време на летните подготовки. Аплаузи за Стеван Јоветиќ.
Бен Вудборн е роден во старото градче Татенхол недалеку од Честер на 15. октомври 1999 година. Како јуниор преминал во Ливерпул и се запишал во школото Раинхил коешто е база на академијата на Црвените.
Има само еден фудбалер на планетава кој има дадено гол на Светско првенство за две различни репрезентации. Има играно и за Барса и за Реал, и за Звезда и за Динамо. Хрват за кој душа даваат Делии.
Двомечот од квалификациите за ЛШ меѓу Динамо З. и Вардар ги присети актерите на некои други времиња и донесе неколку необични моменти. Како на пример тоа дека десната рака на тренерот на „Модрите" има и друга професија.
Една од најголемите сензации во историјата на фудбалот се случила на Мундијалот во 1966. година кога анонимната Северна Кореа ја победила Италија 1:0 и ја елиминирала од Светското. Севено Корејците првпат во историјата влегле во четвртфиналето каде чудесно после 25’ минути воделе 0:3 против Португалија. На голема жал на илјадниците Англичани и Европјани кои навивале за нив, Еузебио во вториот дел им дава 4 гола и Португалија оди во полуфинале со 5:3.
Барселона, Реал Мадрид, Атлетико, Баерн, Борусија, ПСЖ, Јувентус, Јунајтед, Сити и Челси од отворањето на преодниот рок летово, досега потрошиле 245,95 милиони евра за фудбалери.
Да си тренер на Топџиите кај што треба да се расправаш со навивачите зошто не можеш 12 години да освоиш титула, треба да им бараш и оправдание на играчите кои се отсутни или да не им даваш толку одмор. Сезоната почнува за 25 дена. На Емирати е полупразно со играчи.