Главните фаворити за освојувањето на трофејот од Лига Европа, екипите од Манчестер, имаа лош ден. Сити минимално загуби на гостувањето кај Спортинг Лисабон, а Јунајтед на домашен терен беше надигран од Атлетик Билбао.
Меси постигна пет гола против Баер и ги освои насловните страници во целиот свет. Нејмар го прифати предизвикот и неколку часа подоцна возврати со хет-трик, а два од головите беа вистинско ремек-дело.
На 24 години Лионел Меси има освоено скоро сé што може да се освои во фудбалот и е блиску до уривање на скоро сите клупски и европски рекорди со постигнување голови.
Иван Тричковски со АПОЕЛ на пенали го елиминираа Лион и се пласираа помеѓу најдобрите осум екипи во Европа, а неверојатниот Лионел Меси се запиша во историјата на Лигата на шампиони со „петардата" при победата на Барселона над Баер Леверкузен од 7:1.
Богатите катарски сопственици на францускиот клуб ПСЖ во следните пет години ќе го размрдаат трансфер пазарот со инвестирање на 500 милиони евра за нови засилувања.
Дали некој беше изненаден со отказот на Андре Вилаш Боаш? Не! Откако Роман Абрамович го купи Челси во 2003-та година, рускиот милијардер им даде отказ на дури осум тренери.
Арсенал се најде на прагот на сензација откако по оние 4:0 во Милано, избраниците на Арсен Венгер по првото полувреме водеа со 3:0, но на крајот Милан со вкупни 4:3 се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампиони. Вториот четвртфиналист е екипата на Бенфика која го победи Зенит со 2:0.
Светската фудбалска федерација соопшти дека планира да ги укине пријателските натпревари кои репрезентациите ги одигруваат во февруари и август. Да се сетеа на ова порано, можеби немаше да го доживееме срамот во Луксембург.
„У второ полувреме г-дата репрезентативци решија дека и покрај тоа што ја претставуваат својата земја и го носат најсветиот од сите дресови, наместо да трчаат стоеа по теренот а во секој дуел влагаа како сув женски полов орган“, пишува еден од ретките Македонци кој беше сведок на срамот во Луксембург.
Што да правиш кога некој странец ќе ти постави куп прашања на негов мајчин јазик за време на полувреме од фудбалски натпревар? Едноставно одговори му со името на најпознатиот фудбалер од неговата земја.
Нема крај на проблемите на Баерн Минхен. По поразот во Лигата на шампиони од Базел, Баерн продолжи со лошите игри и во Бундеслигата каде веќе се збогува со титулата.
Екипата на Барселона нема пораз на 48 натпревари во серија кога во стартниот тим на актуелниот европски и светски шампион е шпанскиот интернационалец Андрес Иниеста.
Сопственикот на Челси, Роман Абрамович имаше (премногу) трпение со Андре Вилаш Боаш, но чашата ја прели поразот од ВБА и по точно 256 денови, Португалецот доби заслужена шут карта.