За време на натпревар од локална лига во Белгија, фудбалерот Лекомте падна на теренот по еден воздушен дуел.
Судијата не беше импресиониран од тоа што го виде и реши да му додели црвен картон за симулирање и тоа додека тој беше изнесуван од теренот на носилки. По натпреварот во локалната болница на Лакомте му биле констатирани три изместени пршлени и потрес на мозокот кои ги заработил по ударот со лакт во воздушниот дуел.