Каков резултат! 0:24

Лидерот во првенството на Јужна Африка начека село без кучиња и на гостински терен победи со резултат 0:24.

Нисколигашот Поверлајнс ја имашее таа среќа во 1/16-финалето од купот на Јужна Африка да се падне со моментално најдобрата екипа од оваа земја, Мамелоди Сандаунс.

На овој натпревар воопшто немаше неизвесност. Гостите воопшто немаа милост и победија со 0:24. Најефикасен беше фудбалерот Хломпо Кекана кој постигна дури седум погодоци.

Некој нека провери случајно Џаро да не бил викендов на гости во Јужна Африка.

5 март 2012 - 11:02