Марио Балотели во саботата беше стрелец на еден од головите при победата на Манчестер Сити над Болтон со 2:0. Но постигнатиот гол не беше доволен за да ја избегне казната и критиките за своите лудории откако тој во четвртокот заглавивл во стриптиз бар.
Раководството на Манчестер Сити го казни со кратење на две неделни плати (250 илјади фунти), а менаџерот Манчини преку медиумите му порача дека треба да „рипне во тавче“ (што би рекле некои наши водителки).
„Бракот би бил решение за проблематичното однесување на Марио. Верувам дека тој знае дека повторно згрешни, но тој едноставно е таков. Балотели треба да сфати дека грешките не смеат да се повторуваат. Марио самиот на себе си е најголем непријател и во тоа се уверивме многу пати. Сега е уште млад, но кога ќе има 25-25 години ќе биде друго. Ако до тогаш не го среди приватниот живот, тогаш ќе му биде многу потешко да игра на врвно ниво“, изјави Манчини.
Балотели веќе долго време е во врска со италијанската манекенка Рафаела Фико, а неодамна на натпреварот против Блекбурн својот гол и го посвети токму на неа.