Чичарито

Што да правиш кога некој странец ќе ти постави куп прашања на негов мајчин јазик за време на полувреме од фудбалски натпревар? Едноставно одговори му со името на најпознатиот фудбалер од неговата земја.

Актерот Вил Ферел на полувремето од фудбалскиот натпревар помеѓу Мексико и Колумбија го промовираше својот нов филм во кој тој зборува на шпански.

Сепак тоа е само филм, а во реалноста тој не разбира шпански, па на прашањата од водителот тој одговараше со името на најпознатиот мексикаски фудбалер, Чичарито од Манчестер Јунајтед.

5 март 2012 - 13:48