Фудбал

Помлад тренер, постар Интер

Екипата на Интер доби помлад тренер, но просечната старост на составот се зголеми.

Кажи птичка!

Капитенот на фудбалската репрезентација на Панама му го разубаве денот на еден млад навивач сликајќи се со него, но целата слика ја разубаве содржината на неговата ќеса.

Македонија се врати во топ 100

Не дека сме нешто подобри или победивме некого, но фудбалската репрезентација на Македонија без да одигра натпревар направи скок од четири места и сега е пласирана на 98-та позиција на најновата ранг листа на ФИФА.

Не го сакам твојот дрес!

Сали Мунтари беше стрелец на единствениот гол при победата на Милан на гостувањето кај Киево, а по натпреварот тој сакаше да му го подари својот дрес на едно од децата кои ги собираат топките. Но детето не беше многу импресионирано.

Барселона победи за Абидал

Фудбалерите на Барселона го играа натпреварот против Хетафе, а истовремено нивниот соиграч Ерик Абидал беше подложен на хируршки зафат за пресадување на црниот дроб.

Керол му донесе победа на Ливерпул

Енди Керол конечно даде гол и тоа победнички за неговиот тим. Ливерпул со играч помалку триумфираше по пауза од четири натпревари, а Керол го прекина постот кој траеше 517 минути.

Турски фер-плеј

Фудбалерите на турскиот четвртолигаш Чанакале Дарданелспор си постигнаа автогол откако по грешка им дадоа гол на Ерзурумспор наместо да им ја вратат топката.

Реал Мадрид го избриша крстот заради муслиманите

Една милијарда евра минус еден мал крст од логото. Тоа е цехот кој Реал Мадрид го плати за да ја зголеми популарноста кај своите навивачи муслимани.

Арапските милиони проработеа и во Малага

По Манчестер Сити и ПСЖ, арапските нафтени пари вродија плод и во Малага. Клубот од јужната покраина Андалузија полека но сигурно станува трет клуб во Шпанија зад Реал Мадрид и Барселона.

Пандев ги налути навивачите на Лацио

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација заборави на 159-те настапи и 48 гола во дресот на Лацио, па по постигнатиот гол за Наполи тој направи гест со кој ги разлути навивачите на неговиот поранешен клуб.

Војчех Шчесни прослави со пиво на терен

Голманот на Арсенал, Војчех Шчесни, исклучувањето на Марио Балотели и победата над Манчестер Сити ја прослави со пиво на терен.

Нема повеќе љубов помеѓу Манчини и Балотели

„Пукна тиквата" меѓу Манчини и Балотели. Колку и да му беше милениче, менаџерот Роберто Манчини конечно го загуби трпението со неговиот сонародник Марио Балотели.

Пепе агресивен и кон соиграчи

По еден прекршок на натпреварот против Валенсија, Пепе остана да лежи на тревата, а неговиот соиграч Арбелоа се обиде да го крене за да не губат време. И потоа следеше реакција во стилот на Пепе...

Предноста на Реал Мадрид се стопи на 4 поени

Шпанската Примера станува неворојатно интересна. Реал Мадрид со 10 поени предност веќе го имаше пехарот во рака, но по денешното реми со Валенсија, сега Барселона заостанува на само 4 поени.

Арсенал победи за титулата на Манчестер Јунајтед

Екипата на Арсенал со победата над Манчестер Сити најверојатно ја реши битката за титулата во англиската Премиер лига. Манчестер Јунајтед на шест кола пред крајот веќе има осум поени предност.

Пандев стрела против своите, Јуве се врати на врвот

Заради католичкиот Велигден, сите натпревари од италијанската Серија А се одиграа денес, а фудбалерите на Милан имаа најубав велигденски подарок за Јувентус. Тие му го подарија врвот на табелата откако загубија на домашен терен од Фиорентина. Горан Пандев постигна гол за Наполи против Лацио.

Најдобрите голови од изминатата недела

Уживајте во најдобрите 10 голови од целиот свет за изминатите 7 дена, меѓу кои се мајсториите на Трезеге, Бензема, Кака, Видал, Валенсија, Роналдо...

Балетаните од Арсенал

Арсен Венгер тврди дека неговата екипа го игра можеби најелегантиот и грациозен фудбал во Англија, а тоа најверојатно се должи на фактот што во слободно време фудбалерите на Арсенал вежбаат балет.

Ти на мене црвен картон

Бразилски фудбалер претепа судија по што наместо во соблекувална, беше директно испратен во ќелија.

Шпанците го кројат европскиот фудбал

По Барселона и Реал Мадрид кои се пласираа во полуфиналето од Лигата на шампиони, во истата фаза од Лига Европа се пласираа уште три екипи во Шпанија. Освен Атлетико, Валенсија и Билбао, во полуфиналето ќе игра и португалскиот Спортинг.

Штета што го продадоа Величе

Ипсвич Таун, поранешниот клуб на нашиот репрезентативец ги промовира новите дресови. Баш штета што го продадоа Величе Шумуликоски. Одлично ќе одговараше за оваа реклама.