„Глупавиот Меси“ во измислено интервју

Интервјуто за глупавиот Меси кое вчера го пренесоа сите светски медиуми всушност било измислено од „креативни" новинари на унгарски весник.

Неодамна Фабрегас ми рече дека мислел дека сум глупав затоа што како мал во соблекувалната се пресоблекував во тишина. Сега сум многу поотворен и не така срамежлив како што бев во младите категории", беше една од изјавите на Меси го вчера го обиколија целиот свет.

Сепак се работи за измислено интервју кое било објавено во унгарскиот магазин Кепеш Спорт.

Креативноста на Унгарци не завршува со изјавата за „глупавиот Меси". Тие напишале и дека тој им изјавил дека не ги гледал натпреварите на ЕУРО 2012, но и дека му се заблагодарува на Нејмар за неговите пофални зборови.

Меси денес негираше дека постоело вакво интервју и најави тужба.

15 јули 2012 - 14:44