Прославениот тренер Луис Фелипе Сколари го освои Купот на Бразил со екипата на Палмеирас. Ова беше прв трофеј за клубот од 1999-та година и очекувано беше дека славјето ќе биде огромно, а за време на прославата настрада и Сколари.
Фудбалот се повеќе станува бизнис во кој се вртат милијарди, па воопшто не е чудно што 7 од 10 најголеми спортски трошаџии се фудбалски клубови. Како и на секое поле и тука битка водат Барса и Реал, па овие два клуба ги завземаат првите две места на листата.
Откако поранешниот селектор на Југославија и кандидат за претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија, Милован Ѓориќ изјави дека има докази за местени натпревари, медиумите шпекулираат дека тоа се дуелите со Литванија и Романија по кои Србија обезбеди пласман на Мундијалите во Германија и Јужна Африка.
Откривањето на документите кои ја потврдуваат корупцијата во највисоките редови на ФИФА ќе предизвика верижна реакција и светската куќа на фудбалот ќе се сруши како кула од карти.
Според податоците на Меѓунардониот институт за фудбалска историја и статистика (ИФФХС), напаѓачот од Брегот на Слоновата Коска, Дидие Дрогба е најдобар стрелец на меѓународни натпреварувања во 21. век. Нема Македонец помеѓу најдобрите 110 стрелци во светот.
Диего Армандо Марадона издржа 436 дена на клупата на клубот Ал Васл од Обединетите Арапски Емирати. Или пак може слободно да се каже дека Арапите успеаја да го издржат Марадона 436 дена. Тој оствари само 7 победи, 5 нерешени и 10 порази, но направи многу будалаштини. Еве мал дел од нив.
Фудбалерите на третолигашот Мјелнер од Норвешка ја прочитаа статијата на нашата колешка од Букбокс, па пратија специјален поздрав за дополнување на нејзината колекција.
Руски камерман го украде шоуто на натпреварот на кој Енисеј Краснојарск го победи Шиник Јарославл со 2:1. Смотаниот камерман се сопна и падна за време на интонирањето на химните, а сеир му фатија и фудбалерите. Кутриот камерман мораше да биде изнесен на носилки.
18-кратниот шампион на Италија ќе игра со најмладиот состав во последните 10 години. Просечната старост на екипата на Милан која важеше за „тим на пензионери" оваа сезона ќе биде 27,18 години.
Денес започна судењето на капитенот на Челси за навредите на расна основа кон Ентон Фердинанд. Доколку биде осуден за виновен, максимална казна која може да ја добие е 2.500 фунти, што со неговата заработувачка ќе ја исплати за 2 часа и 35 минути.
Англискиот третолигаш Престон Норт Енд остана без 14 фудбалери во пресрет на новата сезона. Еден си отиде по само една недела во клубот, петмина беа културно отпуштени, а осум фудбалери беа откачени со една СМС порака.
Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер му се заблагодари на Френк Лампард затоа што неговиот непризнат гол од Светското првенство во 2010-та година е главната причина за воведување на технологија на гол-линијата во фудбалот.
Сантјаго Силва од Бока Јуниорс не можеше да се помири со поразот во финалето од Копа Либертадорес и не беше расположен за снимање, па му го украде телефонот со кој еден новинар го снимаше на патот кон соблекувалните. Фудбалерот го вратил телефонот по интервенција на полицијата, но претходно избришал сè што било снимено.
Само од УЕФА како награда за освојување на Европското првенство, репрезентацијата на Шпанија доби награда од 23 милиони евра. Колку за споредба, азискиот шампион не добива награда, а африканскиот шампион за својата титула испадна во зијан.
Поранешниот член на Борусија Менхенгладбах, Марко Ројс е избран за најдобат фудбалер на сезоната во германската Бундеслига од страна на неговите колеги.
По 102 години постоење, безброј титули во домашното првенство и еден трофеј од Светското клупско првенство, еден од најславните бразилски фудбалски клубови конечно ја освои титулата и од најпрестижното клупско првенство во Јужна Америка.
Можеби е незамисливо за Македонија и некој очекуваше фузија ала Вардар-Миравци, но во Шкотска тоа навистина се случи. Најпознатиот шкотски и најтрофеен фудбалски клуб во светот, Глазгов Ренџерс е исфрлен од Премиер лигата.